(ФОТО) Лазар Бараков замина од Македонија, па се огласи директно од пистата на аеродромот

  • By admin
  • јули 21, 2021
  • 0
  • 18481 Прегледи

Голем број генерации во Македонија израснаа со Македонски народни приказни, а и ден денес многу од нив се гледаат и по неколку пати.

Актерот Лазар Бараков, беше најпрепознатлив по улогите во Македонските народни приказни и секако еден од најомилените ликови.

Лазар Бараков кој е роден во Мокрино, Струмичко и долги години беше омилениот лик на Македонските народни приказни, заедно со Ѓорѓи Колозов, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски.

Лазар Бараков денес е во седмата деценија од животот, кој како што вели го натерал да работи најразлични работи, а никогаш да не се срами од тоа. А работата како и животот оставаат траги на сите нас.

На приватен план, Лазар Бараков е среќен и горд татко на трите деца, кои не продолжија по неговите стапки, но сепак се успешни личности и пред се добри и воспитани деца.

Тој со сопруга Лилјана ги имаат трите деца, за кои вели дека се неговото најголемо богатство. Неговата ќерка Македонка која е психолог, ќерката Викторија – архитект, а синот Александар, се’ уште студент.

Пред извесно време, тој гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител ТВ.Бараков раскажа дека ако не е во Скопје или Софија, каде што најчесто се движи, тој е во родната Струмица. „Не можам да се откажам од таа убавина што Господ ја дал во цела Македонија што треба да ја сочуваме“, рече актерот.

Тој истакна дека нешто од внатре го терало да стане актер. „Моите родители мислеа дека студирам нешто друго. Арно ама, кога за првпат се појавив на еден бугарски филм, разбраа дека не сум тоа што требаше да бидам.

Бараков исто така рече дека вреди да се биде актер, но поради народот, не поради материјални добра.

-Фала богу, Бог ми дал три деца, фала Богу да беа 13. Поголемата ќерка е психолог, помалечката е архитект, синот уште лута, уште е студент, работи на себеси, да се најде“, откри Бараков за своите деца.

Пред некој ден Бараков сподели фотка на својот профил на фејсбук со која откри дека заминал од Македонија и притоа напиша:

Франкфурт Хан. Одморот заврши во сончевата , мила Македонија. Во другата ни “татковина” – Germany… Deutschland, Deutschland, über alles,….