(ФОТО) Лазар Бараков го покажа своето богатство

  • By admin
  • јуни 4, 2021
  • 0
  • 1664 Прегледи

Добро познато е дека Лазар Бараков важи за еден од најпознатиот актер кој е омилен кај македонскиот народ.

Бараков најмногу се прослави по улогите во Македонските народни приказни. Пред извесно време, тој гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител ТВ.

Бараков раскажа дека ако не е во Скопје или Софија, каде што најчесто се движи, тој е во родната Струмица. „Не можам да се откажам од таа убавина што Господ ја дал во цела Македонија што треба да ја сочуваме“, рече актерот.

Бараков на 17 години завршил гимназија и имал желби за многу професии, и некако на брзина се запишал на Академија во Белград.

„Тие гладни години, 72 година, бев само две години во Белград, и потоа заминав за Австрија. Во Виена останав две години, работев разни работи, учев јазици.

Потоа, кога се вратив во Македонија, од носталгија, на моите им беше желба да студирам нешто друго, да студирам медицина. Јас отидов во Софија, и бев примен и на глума и на медицина.“, рече Бараков.

Тој истакна дека нешто од внатре го терало да стане актер. „Моите родители мислеа дека студирам нешто друго. Арно ама, кога за првпат се појавив на еден бугарски филм, разбраа дека не сум тоа што требаше да бидам.

Бараков исто така рече дека вреди да се биде актер, но поради народот, не поради материјални добра.

-Фала богу, Бог ми дал три деца, фала Богу да беа 13. Поголемата ќерка е психолог, помалечката е архитект, синот уште лута, уште е студент, работи на себеси, да се најде“, откри Бараков за своите деца.

По многу години Бараков и колегитесе обединија повторно и со нов проект најавија дека подготвуваат нешто, што го најавија на социјалните мрежи.

Лазар Бараков уште пред неколку месец најави со објавената фотка на која што напиша: Нешто ново спремаме со колегите Владо Дојчиноски и Кирил Андоновски. Потоа следеше уште една најава во која вели: -Работно, во нови победи, за Сител ТВ

Легендарниот актер пред неколку дена наполни 67 години, но според изгледот и духот кој уште го негува никој не би му дал толку. Својот младешки дух тој го истакна во новит спот на SAP Brothers, кој се вика Шизни си, и таму Лазар е специјален гостин заедно со колегата, глумецот Кирил Андоновски.

Бараков е доста активена на социјалните мрежи, особено на фејсбук каде што пред некој ден објави фотка со текс на кој напиша:

-Мојата шака и душа полни со богатство