(ФОТО) Лазар Бараков во неочекувано издание – ги насмеа сите со последнатa фотка

  • By klaster3
  • мај 18, 2022
  • 0
  • 345 Views

Без сомнение Лазар Бараков важи за еден од најпознатите македонски актери кој својата слава ја стекна најмногу благодарение на македонските народни приказни.

Лазар Бараков кој е роден во Мокрино, Струмичко и долги години беше омилениот лик на Македонските народни приказни, заедно со Ѓорѓи Колозов, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски.

Тој денес е во седмата деценија од животот, кој како што вели го натерал да работи најразлични работи, а никогаш да не се срами од тоа. А работата како и животот оставаат траги на сите нас.

Лазар истакна дека нешто од внатре го терало да стане актер. „Моите родители мислеа дека студирам нешто друго. Арно ама, кога за првпат се појавив на еден бугарски филм, разбраа дека не сум тоа што требаше да бидам“.

Голем број генерации во Македонија израснаа со Македонски народни приказни, а и ден денес многу од нив се гледаат и по неколку пати.

Овие кратки ТВ епизоди беа снимени од страна на ТВ Скопје, подоцна од МТВ во перидот од раните 80-ти, па сè до 2003 година. Досега се снимени околу 300 епизоди, не вклучувајќи ги новите епизоди.

Покрај МТВ, македонските народни приказни се снимаат и во продукцијата на А1 Телевизија . Нови приказни досега нераскажани, воглавно од 20 век, со нова актерска екипа, снимани на локации во село Бањани и Чучер.

Низ нив поминаа голем број глумци, но главен белег најмногу оставија: Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова,Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски,Лазар Бараков,Гоце Влахов, Владимир Ангеловски – Дади , Стојна Костовска, Дубравка Киселичка, Иван Каровски, Кирил Андоновски,Димче Мешковски, Васил Шишков  и други.

По многу години дел од овие актери се обединија повторно и со нов проект најавија дека подготвуваат нешто, што го најавија на социјалните мрежи.

Снимањето на нова сезона Македонски народни приказни продолжи во режија на Владо Дојчиноски за ТВ Сител со Продукција РАЛИ.

Бараков е доста активен на социјалните мрежи, особено на фејсбук, каде што споделува фотографии или поучни статуси, но често се потсетува на убавите дамнешни времиња поминати со неговите колеги.

Покрај снимањето на нови епизоди, Лазар Бараков реши да сподели интересна фотографија за неговите пријатели на Фејсбук и напиша:

„Една од Кастинг-снимките од Карибски пи рати. Лос Анџелес,…незнам која година,“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *