Каролина Гочева е македонска поп-пејачка родена во Битола, која 2 пати ја претставувала Македонија на Изборот за песна на Евровизија.
Каролина Гочева, својата кариера ја започна уште како многу мала, а многумина паметат дека нејзин прв поголем хит е песната „Мамо пушти ме“, која и денес се пее.
На почетокот на нејзината кариера, таа настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот талент и нејзината кариера.
Кога станува збор за музиката Каролина секогаш има да понуди добра и квалитетна песна, но за приватниот живот не сака многу да зборува.
Во брак е со уметникот Михаил Корубин и му е голема поддршка на својот сопруг, и тој нејзина. Пејачката беше дел од изложбата на Корубин, минатата година во Њујорк, заедно со нивни блиски пријатели. Таа понекогаш знае да објави спомен од нивните патувања во Америка.
Таа вели дека не крие ништо од приватниот живот и дека се знае доволно и основните работи кои не можат да се сокријат. Во интервју таа вели дека во брачниот живот секојдневието и изгледа како на секоја нормална жена.
„Ние уште од почетокот кога се запознавме многу фино функциониравме бидејќи и двајцата имаме флексибилно работно време. Може сами да одредиме кога сме на одмор, кога работиме.
Јас и сопругот кога сме зафатени сме зафатени 24/7, а кога сме слободни сме слободни и двајцата. Кога сме слободни и двајцата може да си го испланираме времето како што сакаме. Во тој поглед функционираме одлично“, вели пејачката.
Каролина во јавноста се појавува само кога има нешто да каже. И објавите на Инстгарам ги става дозирано, не пречесто, само со посебен повод.
Овојпат таа сподели спомен фотографија од прерано загубениот македонски музичар и нејзин другар, Влатко Илиевски. Фотографирани се во далечната 2011 година, па таа напиша: На овој ден, некогаш, одамна… со Влатче.
За потсетување, Влатко не’ напушти во 2018 година, на 33-годишна возраст, само четири дена по неговиот роденден кога беше пронајден во неговиот автомобил.
Влатко Илиевски прерано замина, но неговата музика е сѐ уште овде да сведочи за прекрасниот глас и неговата убава енергија, за младиот рокер со нежна душа, кој имаше уште толку многу да каже и да отпее.
Кариерата ја започна во почетокот на 2000-те и се стекнa со голема популарност. Изведуваше музички композиции со поп и рок елементи.
Во 2011 година Влатко Илиевски ја претставуваше Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“. Пред да ја почне својата соло кариера, тој беше дел од групата „Морал“. Влатче беше дипломиран актер, а дипломската ја одбрани со претставата „Гнев“ на Стивен Кинг.