(ФОТО) Илина си кажа што мисли за свадбата со Игор Џамбазов

  • By klaster3
  • август 18, 2022
  • 0
  • 370 Views

Водителот, шоумен, музичар и писател или човек со многу професии како што го нарекуваат – тоа е Игор Џамбазов кој каде и да се појави или што и да објави на социјалните мрежи привлекува внимание.

Последниот период повторно е доста активен на музички план и настапува ширум Македонија, а слободното време го поминува најчесто во Дојран.

Веќе извесен период јавноста е доста запознаена за неговата врска со планинарката Илина Арсова со која поминува се повеќе време, а тие често споделуваат заеднички фотки и видеа на социјалните мрежи.

-Се запознавме пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и и се јавив. И се претставив и и кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе.

После тоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација. После неколку месеци ми се случи првиот здравстен кр ах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа.

Се немавме видено долго време се додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а се после тоа е историја, раскажа во една прилика за Бекстејџ Џамбазов.

Инаку, Илина Арсова е добро познато име во нашата држава, жена со повеќе професии и таленти, меѓу кои ликовна уметница, скијачка, алпинистка и планинарка.Илина стана првата Македонка што го освои највисокиот врв на светот Монт Еверест (8848 м.).

– Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови.

Толку не ме пишувало по весници дури и кога станав прва дама од нашата земја што стапна на врвот на светот пред 7 години – изјави Илина во една прилика.

Илина стана првата Македонка што го освои највисокиот врв на светот Монт Еверест (8848 м.). За неа планините се стра ст и пасија во животот така што постојано е некаде активна и искачува врвови.

Често патува надвор од Македонија, а сите моменти ги споделува на социјалните мрежи, па така овојпат во слободното време реши да им остави простор на фановите да и поставуваат прашања.

Едно од прашањата е на англиски јазик и гласи: „Дали ќе се омажиш за Игор ако те запроси?“, на што Илина одговори: „Хмм.. Дали ќе смени нешто тоа? Кој би сакал да троши на свадби денеска? Наместо на патувања“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *