(ФОТО) Зорица, сопругата на премиерот Зоран Заев блесна во ново руво

  • By admin
  • мај 27, 2021
  • 0
  • 977 Прегледи

Премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица се во брак повеќе од 24 години, се знаеле уште од деца и нивната искрена љубов ја крунисале со брак.

Неговата сопруга Зорица Заева, не дава често интервјуа за медиумите. Пред неколку години таа даде интервју за Фокус во кое што зборуваша на неколку теми.

Таа тогаш рече дека со Зоран се запознале многу одамна, речиси од деца. Тоа познанство прераснало во љубов и во сериозна врска, веќе во далечната 1995 година, при крајот нивното средното образование.

Во тие времиња Зорица Заева не мислела дека еден ден ќе биде сопруга на лидер на партија, а денеска и сопруга на премиер. Тогаш тие биле фокусирани на нивната врска и плановите за завршување на факултет.

Дури потоа, следејќи ги сопствените чувства и ставови, се пронашле во социјалдемократската идеологија и се активирале во општинската организација на СДСМ.

Како што рековме таа не сака премногу да се експонира во јавноста, но знае да биде активна на социјалните мрежи.

Пред околу една година Зорица Зева, сопругата на претседателот на СДСМ, конечно реши да ја смени бојата на својата коса и стана бринета.

Веста ја сподели нејзиниот долгогодишен стилист Драган Гоцев- Даци, од Струмица.

Но сега Даци повторно на инстаграм сподели нови фотки од Зорица Заева, сопругата на премиерот Зоран Заев која повторно изненади со изгледот.

Овој пат, нејзината коса е драстично осветлена, а нејзиниот стилист за коса, струмичанецот Драган Гоцев – Даци се погрижил да изгледа беспрекорно како и секогаш.

Општ впечаток е дека Зорица сега изгледа доста подмладено, а и таа самата сподели една фотка на својот профил на инстарам.