(ФОТО) Зоки Фаци конечно реши да ја претстави сопругата пред јавноста

  • By klaster3
  • јули 29, 2022
  • 0
  • 580 Views

Зоран Василевски, или на јавноста попознат под прекарот Зоки – Фаци, познат македонски естраден новинар кој нема медиум во кој не работел. Дневен весник, магазини, портали, ТВ… Но сепак, најзапазен по своите телевизиски емисии и остварувања.

Особено по тоа што Зоки никогаш немал „влакна на јазикот“, па без пардон знаел на познатите да им го „каже в лице“ пред камера или зад неа, сеедно.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

Естрадниот новинар и ТВ водител Зоран Василевски попознат како Зоки – „Фаци“ нема среќа со медиумите. Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми.

Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа.

На прашањето во едно неодамнешно интерв дали во Македонија постојат ѕвезди, Зоки- Фаци категорички тврди:

„Не! Последна ѕвезда во Македонија беше Тоше Проески! Имавме можност и сакавме да направиме вистинска естрада како што имаат една Србија или Бугарија, ама нашиве пејачки како Калиопи или Елена Ристевска се ‘стер илни’.

На пример, кога Елена Ристевска се мажеше, прв земав камера, снимав дело од атмосферата, а кога се разведе, ја снема и буквално го исклучи телефонот, зашто тоа е приказна која не смее да се раскаже во јавноста!?

Денес Зоки е маркетинг менаџер во познатиот “МиКаса“ – хотел и стек хаус кој се наоѓа на Скопското Кале каде може и да уживате и убаво и квалитетно да се најадете.

Зоки Фаци е доста активен на социјалните мрежи така што секојдневно од него може да очекувате споделено стори, некоја фотографија или пак дел од атмосферата на работното место.

За неговиот приватен живот освен од споделените фотографии не знаеме многу, особено не го експонира љубовниот живот, но затоа сега објави „скокотлива“ фотографија со која ги изненади фановите.

Добро познато е дека Зоки Фаци е добар пријател со водителката Лила Филиповска со која често се дружат за што сведочат многубројните фотографии.

Овојпат, Зоки објави фотографија на Инстаграм со познатата Лила Филиповска и во чиј опис стоеше: „Мојата сопруга“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *