(ФОТО) Екс македонскиот претседател опуштено во кафанче со фамилијата

  • By admin
  • август 6, 2022
  • 0
  • 302 Views

Ѓорге Иванов поранешниот Претседател на Македонија во периодот од 2009 до 2019 година во последните години ужива во пензијата со својата фамилија.

На функцијата стапил на 12 мај 2009 откако победил на претседателските избори истата година како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а за втор мандат бил избран во 2014 година.

Претходно бил професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје. Иако во младоста се интересирал за технички науки, завршил право на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Извесно време работел како новинар во МРТ, а бил и член на подмладокот на Сојуз на комунистите на Југославија. Во 1998 станал професор на Правниот факултет во Скопје, а ја извршувал и функцијата продекан на факултетот во еден мандат.

Пред да стане претседател, имал левичарски убедувања и бил активен во невладиниот сектор како член на управниот одбор во фондацијата Отворено Општество.

Неодамна поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов имаше прекрасен повод за славење. Имено, го доби првото внуче од неговиот син Иван и се прошири фамилијата.

Иван Иванов е единствениот син на поранешниот македонски Претседател Ѓорге Иванов и сопругата Маја кој студираше на Правниот факултет, отсек политички науки.

Пред неколку години беше препознатлив како младото момче со бујна коса и лежерен стил, веќе извесен период има комплетно нов имиџ.

Малкумина знаат дека Иван е голем љубител на музиката и има свој бенд. Во изминатите години тој бил редовен на сите поголеми рок концерти и значајни музички настани во земјава.

Лани тој ја промовираше својата збирка поезија „Невино време“ и со помош на стиховите откри една нова и досега непозната за јавноста страна од себе и својата личност.

Иван официјално стапи во брак со прекрасната Јана откако во октомври минатата година се верија, па така екс претседателот Иванов и неговата сопруга Маја станаа свекор и свекрва.

Во последно време Иванови се се поактивни на социјалните мрежи, а во таа насока е и фотката што ја објави пејачот Владимир Четкар.

Tргна денов со убај луѓе – напиша музичарот како наздравуваат во кафанче на маса во Охрид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *