(ФОТО) Една од најубавите и најзгодни наши пејачки потсети како со турбан на глава пред 20 години започна

  • By admin
  • февруари 9, 2022
  • 0
  • 599 Views

Музичката кариерата ја започна како Бојана Атанасовска како што јавноста ја препознаваме, но откако се омажи го промени името во Скендеровски.

Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, ужива во бракот со сопругот Васко со кого ги има ќерката Искра и синот Ѓорѓи.

Како што е познато покрај музичката таа започна и водителска кариера каде што исто така е успешна.

Мајчинство ме комплетираше целосно, создаде една нова димензија од мене, го извади најдоброто и најсилното во мене, ме направи и најкревка и најмоќна во исто време, кажа во едно интервју неодамна и додаде:

Се е возможно,но тие се сеуште многу мали за да знам дали имаат афинитети. Искра има 3 години, а Ѓорѓи 1,5 година, јас би сакала ако го сакаат ова, да го прават со љубов, но тука сум за се што ќе одберат да прават во животот.

Mојата улога како мајка е да ги подржам и да им помогнам да ги остварат своите соништа.

Многу ми недостасуваше музиката и настапите, особено во последнава година кога сето тоа ни е забрането, кога сте уметник, музичар, да ви биде скратено тоа што сте вие е исто како да ставите птица во кафез.

Таа има и да јаде и да пие, но не е среќна, затворена е….така е и со оваа работа,ако не музицирате едноставно не сте исполнети.

Јас едноставно последниве години морав да направам пауза, затоа што морав да се остварам во најважната животна улога, а тоа е мајчинството, но не се каам, за да ги добијам своите деца би направила уште два пати по толку.

Едноставни работи ми го разубавуваат денот, но најчесто Искра и Ѓорѓи ми го разубавуваат денот, особено кога не пречекуваат уште од врата затрчани да не гушнат, да ни проверат по ќеси дали сме донеле нешто за нив и да не тераат да ги носиме некаде на прошетка.

Таа ја започнала нејзината кариера во 2003 со учеството во телевизиското шоу Плеј – потрага по ѕвезди. Нејзиниот прв сингл бил “Живеј со прашањето”, со која настапи на финалето на оваа манифестација, на авторскиот двоец – Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) и Александар Принц (текст).

Истата година таа настапила на Макфест во Штип со песната “Немам одбрана” и го освоила првото место. Во 2003 настапила на уште два натпревари, ромскиот натпревар “Фантан ди малме” со песната “Ќе пол удам” на ромски јазик, и натпреварот “Марко Поло” во Хрватска.

Бојана реши да се потсети на своите почетоци па објави фотки како изгледала тогаш на стартот на кариерата, пред 20 години кога била млада, на 18 години:

20 години од почетокот на една музичка приказна,и на девојкава со турбанов со само 18 години тогаш,не и’ се веруваше дека тоа ќе биде трасирање на нејзиниот пат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.