ФОТО: Една од најголемите НБА ѕвезди уште еднаш покажа колку го почитува ликот и делото на Тоше Проески

  • By klaster2
  • октомври 22, 2022
  • 0
  • 364 Views

Никогаш непреж алениот Тодор Тоше Проески и понатаму живее во нашите срца, а неговите песни се вртат и непрекинато се слушаат.

Тоше беше еден од најзпонатите македонски поп-пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија.

Човек чиј песни се уште се доста слушани не само во Македонија туку на Балканот и пошироко, неговиот ангелски и специфичен глас продре на секаде.

Да потсетиме, Тоше е роден 1981 година во Крушево имаше не многу долга кариера но творештвото што го остави неможат да го достигнат некој што би твореле и 100 години.

Првите почетоци на музички план Тоше Проески ги прави уште во раното детство настапувајќи на детскиот фестивал „Златно славејче“ во 1992 година со песната „Јас и мојот дедо“ испеана на влашки јазик.

Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната Јестурдеј од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998), а се понатаму е историја.

Меѓу другото во 2004 година беше прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз ,,Ве сакам сите”

Успесите постепено се нижеа. Албуми, популарност и учество во евровизиски песни, соработка со многу имиња од светот на музиката. За жал, сè престана прерано во 2007 година.

Пред шест дена се навршија 15 години од заминувањето од овој свет на нашата музичка икона. Ден кој буди горчина во душата на многумина.

Многу генерации израснаа и се уште раснат со песните на Тоше Проески, не нешто што го двои од останатите е тоа што тој беше светска ѕвезда.

Ден денес неговите песни се слушани не само на Балканот, туку и пошироко, препевани и од луѓе од Азија и Африка, што зборува за неговата големина.

Многу светски ѕвезди зборуваат во суперлативи за него, а и уживаат во неговата музика. Денес еден од најдобрите кошаркари за омилен артист го има токму Тоше Проески.

Секако зборуваме за Лука Дончиќ, момчето од Словенија кој го живее НБА сонот. Момче пред кого е блескава иднина и во моментот важи за еден од најдобрите во НБА.

Овој пат тој на својот инстаграм профил објави фотографија како патува и ужива во песните на Тоше, поточно во песната ,,Ако ме погледнеш во очи”, потег што зборува за белегот што го оставил Тоше а воедно и претставувајќи ја Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.