(ФОТО) Душко, синот на Ванчо Чифлиганец гордо го разви македонското знаме во Грција по големиот успех

  • By admin
  • јули 10, 2021
  • 0
  • 21381 Views

Ванчо Чифлиганец важи за еден од најпознатите македонски бизнисмени кој пред извесен период се реши својот бизнис да го пресели во соседна Србија.

Гените за бизнис очигледно ги наследил и неговиот син Душко кој продолжува по неговите стапки, но и има уште една своја професија.

Високото второ и трето место на BMU Југоисточно Европскиот шампионат и триумф во една од трките за Македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам на пистата во Серес, е одличниот биланс на освоени награди, со кои од трката минатиот викенд во Грција, се врати Душко Чифлиганец, успешниот млад бизнисмен и мотоциклист од Македонија.

Развиореното македонско знаме во супер тесната Југо Источно Европска конкуренција и овој фасцинантен успех во двете неизвесни трки составени од искусни натпреварувачи од Европа, младиот Чифлиганец го постигна на традиционалниот BMU шампионат во брзински мотоциклизам на тркачкиот мотодром во Серес, Грција, во класата до 1000 cm³.

Ова е прво учество и освоени високи титули за Душко Чифлиганец на меѓународни трки во брзински мотоциклизам, адреналински спорт со кој се занимава од мали нозе, балансирајќи ја така напорната работа како амбициозен бизнисмен на меѓународно ниво.

Душко Чифлиганец, на мотоциклистичките шампионати возеше во боите на својата матична Адора Бизнис Групација, каде тој е заменик претседател, која има 20 годишна корпоративна општествено одговорна традиција во Македонија, како и во Србија преку заедничка хумана мисија со Фондацијата Новак Ѓоковиќ.

„Никогаш не е доцна со старите пасии да стигнеме до нови победи. Ова натпреварување за мене претставува исполнување на мојот прв детски сон да возам мотоциклистички трки.

Го негувам ова свое омилено хоби долги години наназад, но навистина беше потребно многу вложена енергија за да одвојам доволно време од деловните обврски и да се подготвам на адекватен начин за да сум во можност да се борам на подиумот.

Овој успех во моето прво натпреварување ,за мене претставува неописливо задоволство. Им го честитам успехот и на останатите македонски натпреварувачи, бидејќи навистина верувам дека ја претставивме нашата држава со голема гордост.

Најважно, сакам да ја искористам оваа прилика да апелирам до младината за совесно возење, брзинските мотоцикли се навистина опасни направи чиј полн потенцијал не смееме да го искористуваме на јавните патишта и улици“, апелира Душко Чифлиганец кој порачува дека тој што мисли дека може и тој што мисли дека не може, најчесто и двајцата се во право! Најголемиот дел од победата лежи токму во нашиот ум, вели Чифлиганец.

Покрај Душко Чифлиганец, во натпреварувањето учествуваа и други македонски мотоциклисти кои исто така постигнаа одлични резултати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.