(ФОТО) Гавазова не ја држи место: За 24 часа промени три држави – повторно се качи на авион и замина

  • By admin
  • декември 9, 2021
  • 0
  • 372 Views

Една од најдобрите и најбарани фолк пејачки во Македонија, Сузана Гавазова во последно време не ја држи ич место, па постојано патува.

Имено во последниот месец Сузе често ги пакува куферите и се качува во авион за да отпатува далеку од Македонија, најчесто тоа го прави со саканиот, нејзинито сопруг.

Македонската пејачка Сузана Гавазова е од оние пејачки која има фанови од 7 до 77 години. Така, каде и да се појави секогаш е добредојена, прави вистински дар – мар, а публиката во еден глас ги пее нејзините песни.

Популарната македонска пејачка Сузана Гавазова освен што е одличен музичар, таа е и фамилијарен човек и често знае во јавноста да сподели моменти од приватниот живот.

Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите. Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.

Струмичанката на почетокот на 2010-та години ја изненади јавноста кога раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.

Нејзиното срце го освои Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

-Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се се случи бргу, но јас сум среќна – изјави таа веднаш по свршувачката своевремено.

Гавазова е родена на 21 декември 1979 година. Потекнува од струмичкото село Сушица. Таа почетоците ги имала со групата Пицикато и првиот професионален настап бил на најстариот фолк фестивал во земјава „Фолк Фест Валандово“, во 1998 година со песната „Ако ако, Нека нека“, со која не освојуваат награда.

Соработката со истата група продолжила неколку години, каде учествувале скоро на сите фестивали во земјата со песни на најпознатите автори на фолк музиката и истовремено освојувала голем број награди.

Веќе добро познато е за Гавазова и нејзиниото семејство дека по шест години живот во Шведска, се вратија во Македонија.

Фолк-пејачката Гавазова иако живееше во Шведска, која важи за една од најдобро уредените земји во Европа, сепак реши да се врати во Македонија, заедно со сопругот и нејзините две ќеркички.

Таа во Шведска бреше пред околу една седмица од каде што се врати, но реши повторно да замине денес, но сега со своите ќерки.

Но она што е интересно е дека Сузе за неполни 24 часа промени три држави. Имено таа вчера објави дека е во соседна Бугарија, поточно Петрич.

Потоа се врати во Македонија, за да денес попладне повторно го фати авионот и одлета за Шведска. За Гавазова нема застој и живее навистина брзо и модерно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.