Струмичанката Сузана Гавазова е една од ретките македонски пејачки за кои не е потребно да се трошат многу зборови. Таа е докажана на музичката сцена во Македонија, но и ширум дијаспората.
За тоа сведочат неброено многуте настапи кои едноподруго ги одржува откако олабавија мерките. Зад себе има голем број на турнеи не само во Америка, туку и во Канада, Австралија, Холандија, Швајцарија, Германија, а минатиот месец за првпат и во Данска.
Покрај својата музичка дарба, од почетокот на кариерата се издвојува и со физичкиот изглед. Од споделените фотографии и видеа е јасно дека посветува внимание и ја одржува нејзината фигура.
Популарната Сузе има многу обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи.
Освен што е одличен музичар, таа е и фамилијарен човек и често знае во јавноста да сподели моменти од приватниот живот.
Во брак е со Јасмин Курузовиќ, Босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тие се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.
Иако живееја шест години во Шведска, сепак решија да се вратат во Македонија, заедно со сопругот и двете ќерки. Таа често ги пакува куферите и заминува на настап, а нејзиниот сакан и е верен придружник.
За првомајските празници Гавазова повторно имаше настап во странство. Имено, пејачката по првпат настапуваше во Беи Лорен, Минхен заедно со Демо Савлев и Ицо Бухала.
После настап одлучи да се релаксира во реномиран скијачки центар на Кицбилшките Алпи во соседна Австрија. На Инстаграм профилот сподели како ужива во погледот кој и го нуди ресортот.
Инаку, Кицбил е еден од најпознатите одморалишта за зимски спортови во Европа чија сезона трае од октомври до мај. Во текот на зимата и раната пролет центарот најчесто е посетуван од клиентела од високата класа од Австрија и од странство.
Очигледно, Сузе знае да ужива и да избере место каде што ќе ги наполни батериите потребни за следните настапи.