(ФОТО) Атиџе синоќа блесна како никогаш до сега – со убава причина

  • By admin
  • јули 8, 2021
  • 0
  • 10569 Прегледи

Атиџе по сите оние светски филмски фестивали и холивудски гламур, нашата амбасадорка во светот, нашата меденка се врати дома, на својот секојдневен живот, на убавите мали, а за неа големи нешта.

Таа сега е во новата куќа во Дурфулија, која ѝ ја подарија нејзините пријатели од филмот, но вели дека едвај чека да дојде пролетта, па повторно да оди во својата стара куќа во Бекирлија за да биде со своите пчели и природата, за кои вели дека се нејзиниот живот.

Главниот лик од документарецот „Медена земја“ Атиџе Муратова и понатаму знае да биде интерес во јавноста, пред се поради нејзината скромност и непосреднос, но и поради тоа што има харизма со која шири позитива.

Атиџе Муратова од апсолутно непознат лик стана планетарно славна преку улогата наглавниот лик од „Медена земја“. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд, а по низата ангажмани и обврски, потоа повторно се сврте на секојдневниот живот во селото Бекирлија.

Документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, преку несекојдневната животна приказна на Атиџе ја пренесува пораката на жената која живее во симбиоза со природата.

Како што раскажа Атиџе во една прилика, екипата од „Медена земја“ пред повеќе од три години, ја пронашла во селото Бекирлија, во кое има само неколку жители. Атиџе тогаш живеела со нејзината мајка и уште едно семејство, кои биле нивни соседи.

Добро познато е дека Сузана Турунџиева, познатата македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка важи за голема пријателка на Атиџе Муратовска, главниот лик од Медена земја.

Сузана Турундиџиева и Атиџе Муратова вчера ја имаа промоцијата на видео спотот за песната „Од Бекирлија до Битола“.По тој повод Сузе се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели:

Ви благодариме од срце на сите кои вчера вечер не почестивте со вашето присуство и на сите кои не следевте преку фејсбук.Огромно благодарам до Бифе Тафталиџе, Сковин, Венов продукција.

До мојот соработник и продуцент Роберт Кентаур,По Димитров, Соња Дексн и Емилија Андревска затоа што редовно не разубавуваат и се грижат за стајлингот на Атиџе, на сите медиуми кои ја поддржуваат оваа мисија, и на сите ангели на добрината кои се дел од сето ова: