(ФОТО) Атиџе започна нова работа – покрај пчеларството, покажа со што ќе се занимава

  • By klaster1
  • мај 15, 2021
  • 0
  • 14762 Прегледи

Едноставна, мила, скромна, која зрачи со добрина и позитивна енергија и многу животни мудрости.

По сите оние светски филмски фестивали и холивудски гламур, нашата амбасадорка во светот, нашата меденка се врати дома, на својот секојдневен живот, на убавите мали, а за неа големи нешта.

Таа сега е во новата куќа во Дурфулија, која ѝ ја подарија нејзините пријатели од филмот, но вели дека едвај чека да дојде пролетта, па повторно да оди во својата стара куќа во Бекирлија за да биде со своите пчели и природата, за кои вели дека се нејзиниот живот.

-Кога бев во Америка на црвениот тепхи запознав многу луѓе, се спријателив, доживеав многу убави моменти таму. Тоа ќе остане во моите мисли засекогаш, тоа чуствто му го посакувам на сите. Нешто што ниту не помислував дека ќе се случи а камоли да сонувам.

Главниот лик од документарецот „Медена земја“ Атиџе Муратова и понатаму знае да биде интерес во јавноста, пред се поради нејзината скромност и непосреднос, но и поради тоа што има харизма со која шири позитива.

Атиџе Муратова од апсолутно непознат лик стана планетарно славна преку улогата наглавниот лик од „Медена земја“. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд, а по низата ангажмани и обврски, потоа повторно се сврте на секојдневниот живот во селото Бекирлија.

Документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, преку несекојдневната животна приказна на Атиџе ја пренесува пораката на жената која живее во симбиоза со природата.

Добро познато е дека Сузана Турунџиева, познатата македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка важи за голема пријателка на Атиџе Муратовска, главниот лик од Медена земја.

Атиџе и Сузе често се дружат, си одат на гости најизменично, а деновиве за празникот Турунџиева беше таа која што беше на гости кај Атиџе во новиот дом.

Турунџиева во ова прилика при посетата на Атиџе во селото Дорфулија, општина Лозово постојано споделува моменти од другарувањето со Атиџе.

Така беше и овојпат кога Сузе преку својот профил на фејсбук информираше за уште една новост за Атиџе:

Кралицата на пчелите премиерно оваа година ќе одгледува пиперки и патлиџан под фолија. Аирлија нека е, да и се множат плодовите.