(ФОТО) Атиџе доби модерен дом – покажа со каков мебел ја опреми својата куќа

  • By admin
  • мај 1, 2021
  • 0
  • 28656 Прегледи

Атиџе Муратова, главниот лик од документарецот „Медена земја“, се уште предизвикува интерес во јавноста, главно поради нејзината скромност и непосреднос.

Од апсолутно непознат лик, Атиџе Муратова стана планетарно славна преку улогата наглавниот лик од „Медена земја“. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд, а по низата ангажмани и обврски, потоа повторно се сврте на секојдневниот живот во селото Бекирлија.

Документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, преку несекојдневната животна приказна на Атиџе ја пренесува пораката на жената која живее во симбиоза со природата.

Познатата македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка Сузана Турунџиева важи за голема пријателка на Атиџе Муратовска, главниот лик од Медена земја.

Тие две често се дружат, а Атиџе се почесто и е гостинка во главниот град Скопје, но и обратно. Сузе често оди на гости кај Атиџе во светиниколско.

Пред околу два месеци популарната Сузе објави на својот профил на фејсбук пост со фотки од пред домот на Атиџе каде што се играше и се мезеше и пиеше. Беше весело, а причините ги наведе во постот:

Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза.Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Maria Duda и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел – да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна!Ви благодариме.

Сега Сузе сподели нови фотки, но овојпат од внатрешноста на домот на Атиџе и покажа како е опремен со нов модерен мебел.

Огромна благодарност до моите пријатели Дик Фагус Пехчево, кои на Атиџе и изработија прекрасна трпезарија во медова боја, табуретки, фотеља, масичка со огледало и уште неколку додатоци за во новата куќа и ја усреќија Атиџе.