(ФОТО) Атиџе блесна за Рамазан Бајрам – покажа како ја подготви трпезата

  • By admin
  • мај 12, 2021
  • 0
  • 10485 Прегледи

Главниот лик од документарецот „Медена земја“ Атиџе Муратова и понатаму знае да биде интерес во јавноста, пред се поради нејзината скромност и непосреднос, но и поради тоа што има харизма со која шири позитива.

Атиџе Муратова од апсолутно непознат лик стана планетарно славна преку улогата наглавниот лик од „Медена земја“. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд, а по низата ангажмани и обврски, потоа повторно се сврте на секојдневниот живот во селото Бекирлија.

Документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, преку несекојдневната животна приказна на Атиџе ја пренесува пораката на жената која живее во симбиоза со природата.

Сузана Турунџиева, познатата македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка важи за голема пријателка на Атиџе Муратовска, главниот лик од Медена земја.

Тие две често се дружат, а Атиџе се почесто и е гостинка во главниот град Скопје, но и обратно. Сузе често оди на гости кај Атиџе во светиниколско.

Пред околу два месеци популарната Сузе објави на својот профил на фејсбук пост со фотки од пред домот на Атиџе каде што се играше и се мезеше и пиеше. Беше весело, а причините ги наведе во постот:

Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза.Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Maria Duda и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел – да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна!Ви благодариме.

Неодамна, пред неполн месец Турунџиева сподели нови фотки, но овојпат од внатрешноста на домот на Атиџе и покажа како е опремен со нов модерен мебел.

Во таа прилика, Сузе на својот профил на фејсбук напиша:

-Огромна благодарност до моите пријатели Дик Фагус Пехчево, кои на Атиџе и изработија прекрасна трпезарија во медова боја, табуретки, фотеља, масичка со огледало и уште неколку додатоци за во новата куќа и ја усреќија Атиџе.

Сега Сузана Турунџиева повторно и беше гостинка на Атиџе во селото Дорфулија, општина Лозово и притоа објави нови фотки и краток текст во кој вели:

Среќна Среда го направи овој мајски ден посебен… Последни подготовки пред големиот празник Рамазан Бајрам!Подароците навреме доставени и сервирани на новата трпезарија на Атиџе