(ФОТО) Александар Маленко не запира: Повторно се ожени – но невестата не е Македонка

  • By admin
  • октомври 12, 2021
  • 0
  • 2420 Views

Поранешниот македонски пливач Александар Маленко како што е познато се разведе по четврти пат. Тој на утринската емисија на Алфа најави дека веќе некое време не живее заедно со сопругата Фани со која има два сина. Маленко зад себе има четири брака и пет деца.

Прва негова сопруга беше водителката Сузана Турунџиева, со која ја има ќерката Лора, од која доби и внук. Беше во брак и актерката Јелена Жугиќ со која го има синот Ахил. Третата сопруга на Маленко беше шест години постарата Русинка, Татјана Михалова Фјодорава со која исто така има син.

Освен Лора која е негова единствена ќерка од бракот со водителката Сузана Турунџиева, поранешниот македонски пливач Александар Маленко има уште четири сина.

Маленко беше во брак и со актерката и поранешна директорка на театарот „Комедија“, Јелена Жугиќ, со која го има синот Ахил.

По третпат се ожени со шест години постарата Русинка Татјана Михајловна Фјодорова која ја запозна во перидот додека беше на привремена работа во Москва. За Татјана ова беше четврти брак. И со неа Маленко има син.

Еден од нашите најдобри пливачи, Александар Маленко по се изгледа ќе го прогласиме и за човек со најмногу бракови зад себе.

Неговата избраничка е исто така поранешна пливачка, а нејзиното име е Метка Спаравец од Словенија.

Веста дека запловиле во брачните води ја објавија двајцата на социјалните мрежи. Од тоа што може да се види на социјалните мрежи кај Метка, таа има четири деца, додека пак Маленко вкупно има пет деца.

Инаку ова е петти брак на Александар Маленко. Последно беше женет за охриѓанката Фанка, со која беше во брак од 2012 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *