Долги години Адријана Алачки важеше за позната македонска пејачка, но сега најмногу ја препознаваат како водителка, но како и да со години наназад остана да биде добро препознатлив лик пред тв камерите.
Адријана Алачка од пејачка, се префрли во водителството и продолжи како ТВ водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“.
Токму емисија „Вкусот на традицијата“ е нешто по кое ја препознаваат и важи за заштитно лице. Алачки често на Фејсбук споделува моменти од снимањето на емисијата во кое е очигледно дека ужива.
Освен како успешна пејачка и автор на емисијарта „Вкусот на традицијата“, Алачки е позната и како автор на книгата „Македонски традиционален готвач“. Неодамна, таа најави дека наскоро ќе излезе и второто издание.
На прватен план Адријана Алачки од бракот со Горан Алачки ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана.
Надвор од професионалните обврски, познатата пејачка на народна македонска музика е посветена мајка и баба.
Алачки поради своите работни обврски често патува, дали тоа било преку границите, дали тоа на територија на Македонија.
Преку својата емисија таа за првпат посети многу места, пред се села и локали, но и запознат многу нови луѓе со кои разви пријателства.
Таков беше и случајот овојпат кога сподели свое искуство на својот профил на фејсбук каде што напиша:
Привилегија е да бидеш гостин во домот на Анета, општина Ранковце, село Гиновци.
Ова е реалност, од садење, полевање, берење па до пазарот. Колку ма ка и труд за на крајот да кажеме ,, скапо е”. Поддршка за жените земјоделци!
Браво Анета за се, браво за сите како тебе, благодарение на Вас имаме се на трпезата. Везилка, Алфа Тв од 12 ч во недела.