Филип Талески јавно призна дека е свесен за она што народот го мисли за него

  • By klaster1
  • мај 7, 2021
  • 0
  • 239 Прегледи

Филип Талески е ракометно име кое цела македонска јавност го знае. Човек кој дојде од Крушево во Скопје да покаже што знае, да собира искуство и полека да напредува во својата кариера која му претстои.

Екипата на ,,Бекстејџ,, имаше средба со членот на Вардар а воедно и репрезентатицев на Македонија, и дискутираа на неколку теми.

– Можам да кажам дека со Вардар ја официјализиравме соработката на уште една година со можност за продолжување на уште една. Јас сум среќен што сум тука и што ќе продложам да го носам овој свет дрес, вели Талески.

Тој последната сезона имаше променлива форма имаше моменти кога играше над своето ниво, на моменти многу слаб а некогаш и ја грееше клупата, на што се должи тоа открива тој.

– Па ситуацијата со вирусот влијаше многу можам да кажам, јас во Германија немав тренинзи 4 месеци и тука кога дојдов промена на средина занете како е.

-Првата полусезона немав доволно натпревари, но јас не се откажувам, не сум го сеуште дал максимумот од мене и ќе се претставам во подобро светло.

Тој истотака откирва дека е еден од најом разените ликови во јавноста, често е мета на кри тики а и го застануваат на улица.

– Да имам доста голем број не гативни коментари, тоа го согледувам во моите изјави и објави на социјалните мрежи како и пишувањето во приватни пораки. Сметам дека тоа треба да се забрани таквото пишување, вели категорично Филип.

– Комитите ни фалат многу, навивачите се наша голема потпора, истото се случи и пред натпреварот со Пелистер, тие не мотивираа а ние го дадовме максимумот, се надевам дека што поскоро ќе се вратат на трибина.

Тој даде свое видување и за капитенот и селектор Кире Лазаров, а за него зборуваше само со епитети.

– Тој е број еден во светот, сметам дека таков ракометар и човек пред се не би се родил повторно, од него може многу да се научи, и ми е мило што соработувам со него и е дел од нашата репрезентација.

– Се стремам да бидам подобар и подобар, свесен сум дека неможам да бидам како Кире Лазаров, но фокусот ми е само на ракометот и се надевам дека ќе бидам приближно како него.

-Не сум толку млад имам 25 години, ама сакам да играм најмалку колку нашиот селектор.