Филип од кумановско: Дојдоа петте минути за мајсторите, ама едно нешто не им личи и нема никаква смисла

  • By admin
  • септември 18, 2022
  • 0
  • 259 Views

Македонија ја напуштаат се повеќе и повеќе луѓе, а меѓу нив и квалификувани работници кои водени од желбата за подобар живот се решаваат да се иселат.

Освен што финанискиот мотив ги води кон пат преку границите, тука се и подобрите услови за работа, но и воопшто за живот.

Од друга страна ова доведува до недостиг на стручен и квалификуван кадар во нашата држава кој ако се заклучу по актуелниот тренд, ќе го снемува се повеќе.

Во таа насока оди и она што ни го сподели нашиот читател Филип И. од кумановско кој открива со што се соочил.

„Со сопругата собравме некој денар и решивме после долги години да го реновираме нашиот дом. Тоа вклучува комплетно реновирање на тоалетот, како и гипсерско-молерски работи, а и обнова на дел од мебелот вклучувајќи ја кујната.

Тргнувам да се распрашувам и да барам мајстори, ми даваат контакти и започнувам да ги барам еден по еден и веќе на стартот се соочувам со реалноста.

Ми вела, да не ти ветувам ништо, имам договорено работа со месеци, ако ти се чека да збориме, ако н е нема што. Но ајде некако, најдов мајстори за се.

Доаѓаат дома, ми прават пресметките, земаат мера, што се вели ја договараме работата. За да биде сигурно дури и давам капар и се договараме од кога ќе започнат со работа.

Конкретно ќе започнам со мајсторот за плочки. Договоривме да започне за десет дена, ми даде цврсто ветување дека имал договорена работа за уште толку и дека потоа го носи алатот кај мене и започнува.

Му вртам за десет дена, му велам мајсторе ако е здравје од утре дали ќе почнеме, да те чекам. Ми веле, слушај, ќе пролонгираме за два дена, ми излезе нешто плус овде. Си велам добро.

Минуват не два, туку три дена. Му вртам на телефон, го барам, но не ми крева. Ми се јавува дури по неколку дена, ни не паметам веќе колку поминаа. Пак почнува со оние муабети, ама знаеш ова, ама знаеше она. Ете ќе дојдам. И така бидна, по задоцнување од две седмици дојде.

Започна со демонтажа на старите плочки и лепење на новите. Работеше два дена и третиот го нема. Ми вели мора да завршам нешто приватно, ќе продолжиме од задутре.

Ајде, го немаше еден ден, доаѓа вториот, работи до пладне и вели мора да отидам до едно место, имам малку работа неколку часа и се враќам.

Толку беше работа кај мене за тој ден, не се врати. И така најизменично цела седмица лепеше плочки, работа што ќе ја заврши за два дена. Не дека го договорив од дневница, туку од квадрат. Ама отпосле дознав, тој паралелно си работел на уште две места. Крајно неодговорно и несериозно.

Иста песна и со мајсторот за гипс и молерај, само што таму го чекав скоро еден месец плус од договореното да започне со работа. Кога се договаравме ми рече ќе завршиме за пет дена, јас и така си планирав. Со семејството заминавме кај роди да живееме со оглед на тоа што дома немашеу услови поради работните активности.

Ама тие пет дена да ти станат петнаесет, па така морав да се снаоѓам по пријатели да престојувам, а од друга страна се повеќе ме гризаше односото на мајсторите.

Е кујната, е тоа е приказна само по себе. Ја договоривме да ми биде готова до една дата, ама помина цело лето, речиси три месеци и еве се уште не ми е завршена целосно, мислам не ми е монтирана целата, фалат уште некои елементи и финеси.

Згора на се, нема простор ни за пазар, колку цената ќе ти кажат се согласуваш без да се ценкаш, а на крај за своите пари ќе киснеш по телефони и ќе досаѓаш за да ти завршат нешто за кое си се договорил.

Обработил: С.И. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.