Утрово се огласи Блаже, момчето што го прими бубрег од Верче и упати моќна порака

  • By admin
  • мај 1, 2021
  • 0
  • 12921 Прегледи

Младиот 27 годишниот Блаже Сапунџиев, момчето кое го прими еден од бубрезите на Верица Белчовска ја напушти хирургија и се врати во родното Кавадарци со здрав бубрег.

За ова младо момче завршува периодот со одење на дијализа откако доби орган од Верица Белчовска.

-Премногу млад живот згасна, голема та га за фамилијата. Уште не сме се запознал. Но немам зборови со кои може да е опише тоа што го направи ова семејство, вели Блаже Сапунџиев од Кавадарци.

Дента на 16ти април кога му се јавиле од Нефрологија дека можеби е потенцијален кандидат за трансплантација Блаже од возбуда ги згрешил улиците во родниот град. Во Скопје дошол со татко му и неколку часа чекале да бидат завршени сите анализи.

Но ова момче од рана детска возраст се соочило со откажување на работата на бубрезите и 4 години бил на домашна дијализа за која биле обучени неговите родители.

-Ова е втор пат како добиваш бубрег. Кога прв пат седна на операционен стол?

-Во 2002 година ми беше направена трансплантација во Солун. Добив бубрег од мојата мајка и 18 години беше добро. После тоа една година пак одев на дијализа и еве сега добив бубрег, вели Сапунџиев.

Блаже вели дека по трансплантација мора да води здрав живот со почитување на сите препораки од лекарите за и бубрегот да има долг век.

Утрово Блаже се огласи во фејсбук групата „И јас сум Венко Филипче – поддрша“ каде што напиша:

„Конечно после успешната трансплатација на бубрег сум пуштен дома и одлично се чувстувам. Огромна благодарност до фамилијата на Верица Белчовска за донирањето на органите.

Исто така се заблагодарувам на целиот персонал од нефрологија и урологија на чело на лекарите Доктор Гоце Спасовски и целиот негови тим од нефрологија.

Доктор Сашко Дохчев, доктор Сотир Ставридис од тимот за урологија и трансплатација. И посебна благодарост до тимот од сестрите за пружената нега после трансплатацијата.

Сестра Виолета Николовска, сестра Диниела Ефримова, сестра Каролина Ѓоргиева, сестра Мартина Миленковска и сестра Лидија Колевска.

Без кои немаше да успешно да се се опоравам така брзо и лесно.