Украинката Кристина спасот го нашла во Македонија: Со синчето дошле со една кеса -14 часа стоечки патувале со воз

  • By admin
  • март 19, 2022
  • 0
  • 568 Views

Ситуацијата во Украина веќе е добро позната ширум светот, а тамошните граѓани од ден на ден се повеќе ја напуштаат татковината.

Еден дел од нив, иако помал се решија привремено да се сместат во Македонија. Таков е случајот и со тричлено семејство од Харков кое веќе една недела престојува во Македонија.

Таткото на Кристина е поч инат, а баба ѝ и дедо останале во близина на Харков, бидејќи оние над 60 години не смееле да ја напуштаат земјата.

„Седевме седум дена во подрум се криевме, брат ми не сакаше да излезе многу се плашеше, мојот школски другар со неговото семсјтво не однесе во Мирборот и од таму почнавме да се движиме во стрнство.“, рече Кристина во изјава за ТВ21 и додаде:

Патувањето без точна крајна дестинација започнало од родниот Харков, преку Миргорот, Лавов, Ужгород, од Унгарија со три воза до Србија и од Србија со автомобил до Македонија. Во патувањето 14 часа се возеле стоечки во воз.

„Нашата куќа нема прозорци но тоа е наша родна куќа и би сакале да се вратиме таму иаку и тука е убаво , но во туѓа држава сме.“, рече Кристина.

Кристина со нејзината мајка и брат престојуваат кај оваа госпоѓа, која вели дека претходно биле сместени во Велес во хотел, но повеќе не можеле да плаќаат и барале во амбасада сместување.

-Кога пристигнаа беа со неколку кеси, гладни, идат во неизвесност, не знаат каде одат, незнаат со кого ќе бидат. Во која куќа, кој ќе ги пречека, како ќе бидат дочекани, како ќе бидат прифатени. Неколку дена се кај мене. Дојдоа без облека, тоа што имаа на нив тоа ним беше се“.

Во моментов во Македонија има 390 Украинци кои се сместени кај пријатели или волонтери, роднини. Од здружението на Украинци во Македонија велат дека за сместување се обраќаат во украинската амбасада.

„Немаме од државата информација каде би можеле да бидат сместени. Комуницирам со луѓе кои нудат помош стан., куќа каде можеме да ги сместиме за подоцна да се соочиме со други проблеми: куќата е нечиста, студена. Но, добро што има, но не можеме се ние како Здружение. “, рече Александар Урбанович.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ21.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.