Трифун Костовски проговори за тоа како го направил првиот милион

  • By klaster1
  • мај 31, 2021
  • 0
  • 561 Прегледи

Поранешниот градоначалник на Скопје, успешен бизнисмен, творец на успешната шампионска генерација на ракометниот клуб Кометал Ѓорче Петров, Трифун Костовски по подолго време беше дел од некоја емисија.

Тој учестуваше во емисијата ,,G-Carpet,, со Миро и Ведрана, сподели доста интерсени мометни, зборуваше за неговата љубов кон музиката, бизнисот.

Сегменти од приватниот живот како и за успешните години во спортот кој се неизбришлива трага од тие години. Истота откри дали повторно би се вратил на политиката и во кој сегмент.

– Животот е предизвик, не треба да речеме доста е треба секој ден да се залагаем за нови успеси и нови постигнувања. Љубител сум на спортот, сакам дружба, добра музика знам и да запеам, сакам да се дружам а омразата ја тргам настрана.

Песната ,,Срце Тетовирано,, дојде спонтано, бевме на одмор со Александар Митевски во Бугарија, и тогаш неговиот татко ми вели што не направите една песна.

-И да направивме испадна многу добро дури и многу луѓе ме препознаваат баш по тоа. Е сега немам тетовирано нешто на мојата кожа, но во мојата душа е тетовирана оваа песна. Серозно размислувам да направам некоја тетоважа која ќе има некое значење.

– Често се собираме со мојата генерација, знаеме да седнеме да наздравиме со чашка ра кија, ке си приакжеме, никогаш не ни е здодевно, имаме теми на муабет.

Потоа спортуваме играме тенис, фудбал, еве често се собираме и сега играме фудбал, пред некое време игравме, јас дадов два гола и два асистирав.

Навистина раритет и за секоај чест, Трифун Костовски во 75та година од животот, е активен чиниш небаре 25 годишник, со неговата активност и мотив. коста и филип 18 години

– Со Благој Механџиски не сме во комуникација, едноставно тие некој зборови не доликуваат што ги кажа, но еве простено му е.

-Кај мене го нема тој вокабулар, но сепка Балканци сме и тоа е сотавен дел. И јас знам често да избувнам така, но имам доблест и знам да се извинам потоа, вели поранешниот градоначалник на Скопје.

-Имам три деца, Коста и Филип се разлика 18 години, и жалам што немам повеќе деца. Видете вака парите, славата моќта ги имаш денес утре не, но семејството е тоа што останува покрај тебе, заклулува Трифун.

– Сигурно е дека ќе се вратам на политичката сцена, само ќе видиме во која форма, а музичката сцена никогаш не сум се ни повлекол, тоа е мое хоби и моја љубов.

Трифун се осврна и на спортот и на успесите со Кометал Ѓорче Петров, и за тие златни времиња.

– Успехот секој го сфаќа различно, таа титула беше прв голем успех после кон фликтот, и народот беше гладен да се чуе дека ние имаме со што да се пофалиме дека сме најдобри во нешто.

– Ние додека стигнавме до титулата уложивме десет годишна работа, видете тоа е екипен спорт и треба постепено издигнување. Имаше многу посилни клубови од нас тоа време, но не успеаа да стигнат до титулата, не играа со срце.

Миро пак му постави едно диркетно прашање и го запраша која е му била најубава ракометарка, а тој одговори:

-Сите беа убави на свој начин, ги гледав како мои деца, физичката убавина е едно и убавината во душата, еве една Олга Бујанова која имаше хендикеп со ногата неможете да не сакате таква личност, која душа даваше за мене.

-Една Лариса Кисељова која немаше некоја посебна убавина, во мене гледаше татко, значи неможе да не сакаш такви личност. Јас сум разликувал убавина до убавина, но дека сум имал други претензии кон девојките тоа не.

-Адријана Будимир е убава личност, еве и ден денес таа е убава жена. Истотака Индира Кастратовиќ и таа пленеше со својата убавина. Малахова се намачивме да ја донесеме во Кометал, но на крајот таа беше една од клучните во успехот.

– Факлутетот го завршив со просек 6,67, учев колку да положам, испитите ги спремав слушајќи добра музика и тоа ме релаксираше.

– Не ни бев свесен кога го направив првиот милион, видете сето тоа брзо доаѓа и брзо оди неможете да бидете свесни бидејќи ако се завртите, тоа ќе ве врати чекор назад.

Сум помагал и ќе помагам се додека очите ми гледаат. Сето тоа не се стекнува за миг, тоа е градено со години.