Трифун Костовски проговори за својата мајка и брат – споделам дел од детство

  • By admin
  • мај 1, 2021
  • 0
  • 832 Прегледи

Бизнисменот и голем хуманис и воедно поранешен градоначалник на Скопј, Трифун Костовски е мошне активен на социјалните мрежи, па пред некој ден сподели нова објава во која што вели:

Почитувани пријатели, сакам со вас да споделам дел од моето детство и традициите кои ги негувавме во нашиот дом.

Велигденските празници беа чествувани со најголем пиетет и задолжително мојот покоен татко за ден Велигден купуваше јагне од сточниот пазар кое се подготвуваше за Велигденската софра.

Јас и брат ми плачевме од жал за тоа прекрасно јагненце бидејќи тоа јагне беше дел од Велигденското празнување.

Четвртоците беа резервирани за фарбање јајца. Фарбањето на јајцата се правеше пред изгрејсонце и сè уште во сеќавање ми е врежан чинот кој мојата мајка го правеше со мене и мојот постар брат Стефан.

Имено со првите обоени црвени јајца, само неколку минути откако ќе се оладеа, пок ојната ни мајка Олга ќе дојдеше до креветот каде заедно спиевме со мојот брат и со црвените јајца ќе нè погалеше по челото и образите говорејќи ги зборовите „бели и црвени да бидете“.

Искажаниот збор од мојата мајка бел-црвен, беше синонимот на нејзината желба да овој голем христијански ден ни подари здравје, среќа и живот.

Благодарам за мојата пок ојна мајка. Нејзините сништа и желби се остварија. Во брат ми и мене моите пок ојни родители изградија личности на коишто денес би биле горди.

Нека ни се честити Велигденските празници, да ги чествуваме согласно упатствата кои ни се препорачани од Здравствената организација за борба против вирусот Ковид-19.

Мудроста вели: Господ чува, ама ние обичните смртници мораме да помогнеме во тоа.