Трајче од Италија: По 2 години пауза конечно си дојдов во Македонија и срце ми се наполни

  • By admin
  • јули 24, 2021
  • 0
  • 3938 Views

Само некој што долго време бил надвор од дома знае како се чувствувам. Младите обично едвај чекаат да заминат од дома и ретко кој чувствува носталгија за дома затоа што уживаат во запознавањето на нови земји.

Ние постарите сме малки поразлични, не заминавме од многу убавина туку на печалба. Јас сум веќе 15 години иселен во Италија и никогаш не сум бил толку нажален за дома колку ова лето.

Кога бев помлад моите едвај чекаа да си дојдам да ги видам иако мене не ми беше толку тешко без нив. Знаејќи дека ми требаат пари не мислев на ништо другпо туку само напорно да работам и да створам богатство.

Знаев дека нема да биде воопшто лесно, но се трудев многу и работев сè и сешто. Сега работам во една фабрика, чиста работа, во смени и воопшто не ми е тешко како порано кога работев и на градилошта и по куќи сега се закотвив тука.

Се оженив, имам две деца и сега целта ми е за нив да створам богатство и да ги изведам на прав пат. Додуша мали се уште, но уште сега мислам за во иднина. Откако се родија гледаме секој можен одмор да го искористиме за да ги донесеме во Македонија.

Моите родители многу им се радуваат и ми е жал да ги оставам така да не ги гледаат внуците. Има интернет ама сепак не е исто како кога можеш во живо да ги видиш.

Сме ги оставале децата со нив да седат за да се зближат, а ние со сопругата сме шетале сами. Така беше порано, сега последниве 2 -3 години никако не можевме да си дојдеме.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

И родителите многу не очекуваа но никако не се ппгодуваше да дојдеме. Предтоа имавме некои проблеми таму, потоа дојде коронавирусот и не доаѓаше предвид да се враќаме.

Само работа дома, работа дома и да ви кажам ми здосади и едвај чекав да дојде момент кога ќе се тргнеме малку од Италија. И на децата им здосади затворени дома, тука секако нема многу дружби но ни во градинка или училиште не одеа и навистина беше тешко да се справиш со нив.

На сите ни фалеше малку опуштање, природа, промена на место и да ви кажам си начекавме. Одлучив дека мора пва лето да дојдеме во Македонија по секоја цена. Дури уште нестегнале со мерките се вративме и искрено кога влеговме во Македонина срцето ми се исполни со среќа.

Нема многу промени овде, но чувството да си дојдеш дома после 2 години е неверојатно. Настрана тоа што ќе ја видиш родната куќа и родителите, едноставно неописливо е чувството дека си дома.

Навистина имаат слобода луѓето тука. Сите мислат во странство има пари и цвета, амаа како тука што се живее никаде во светот не е. Во Италија ниту со колеги ни со пријатели се дружиме, а овде на седенките им нема крај.

Луѓето се дружељубиви и како што не сме се виделе толку време не можеме да престанеме да се дружиме. Не ми се оди никаде на одмор или прошетки, сакам времето да го минувам само со моите и со пријателите.

Ние иселениците знаеме дека само дома си е дома, џабе што имам сопствен стан во Италија кога срцето ми е овде. Таму нема седенки до сабајле, нема растрчани деца низ двор каде и да одиш мора многу да внимаваш и на себе и на децата.

Работиме и живееме како роботи само за да заработиме за живот и не знаеме да уживаме. Ама нели, никаде не е сјајно. Да живеевме тука ќе немавме доволно пари за сè, ќе ни отидеше здравјето од стресови и пак ништо нема да видиме од животот.

Вака барем уживаме добра заработка, здравствена заштита, добро образование за децата и навистина поинаков е системот од кај нас. Откако дојдовме нема ден а да сме одмориле.

Немаме толку одмор за да се изнавидиме со сите роднини и пријатели. Дури сега срцето ми дојде на место, после две години гледање преку интернет и живеење во неизвесност повторно се видовме со најблиските.

Мислам дека веќе никогаш нема да се оставам толку време да не доаѓам дома, сепак џабе ми се парите ако не минувам време со луѓето што ги сакам зашто тоа е најскапоцено време, не се знае што ни носи иднината.

Обработил: А.А. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијат на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.