Тони Зен: Ниту за 200 000 евра не би прифатил такво нешто

  • By klaster1
  • мај 28, 2021
  • 0
  • 521 Прегледи

Македонскиот рапер Тони Зен долго го немаше на сцената, се појави со видно изменет репертоар и друг начин на изведување. На телевизиитее многу ретко се појавува.

Пред некој ден беше гостин во емисијата ,,G-Carpet,, кај Миро и Ведрана, човекот кој направи рево луција на хип хоп и рап сцената, и кој одбележа една ера,

Зборуваше на најразлични теми и за своите подеми како и за музиката која ја прави моментот и некој други интересни сегменти.

– Поминавме еден многу убав и славен период, тогаш ги полневме салите, клубовите каде и да одевме, навистина беа прекрасни мометни, но промената сакав јас да си ја направам некому чинела или не.

-Тогаш сите сакаа да се сликаат со нас, ни кинеа маици, трчаа по нас, сега не. Значи велам тоа е моментот кога си славен, сега се останати моментите и приказките да си ги раскажуваме што било и како било.

– Јас и ,,Слаткар,, не сме скарани не сме си ни карале, јас го почитувам него, и го подржувам што и да прави, можеби тоа што го правиме моментално, не е во исти води.

– Но сепак го почитувам, се менуваат периодите, но тој го има својот шмек и бит од секогаш и тоа ми се допаѓа. Јас би направил песна со ,,Слаткар,, дефинитивно.

На прашањето дали ,,2 бона се новите Тони Зен од ова време тој одговори:

-Не е исто тоа што го правиме, значи се се менува со текот на годините, и технологија, трапот е изменет, со тие студиски обработки на гласовите. А за да имаат поддшка од постарите треба да е токму тоа што го работиме исто.

-Можеби малкумина знаат но јас се бавев со кошарка, и тоа доста сериозно играв во МЗТ Скопје, цел живот сум Аеродромец, но потоа се насочив кон музиката, вели Тони.

– На мојот син не му се мешам во изборот и тоа што сака да го прави во иднина, ниту да биде како мене, јас можеби сакам да биде скијач или кошаркар, но тоа си е негова одлука и ќе го подржувам што и да избере.

Тој истотака зборуваше и за своето искуство во ,,Срвајвер, и ситуациите таму.

-Се подготвувавме многу пред да одеме таму, примивме различни вакцини, и прегледи, имаше мноуг лоши храни, јас добив гастритис, од тоа што цело време јадевме зелени банани, кој неможеа да созреат. Јас победив во регуларниот дел тогаш но изгубив од гласовите.

– Од оваа гледна точка не би учестувавал во ниту едно реално шоу, не би прифатил ниту 200 илјади евра, можеби само ,,Срвајвер, но добро би се размислил, заклучува Тони Зен.