Тони Зен и Слаткаристика одбележаа една ера на македонската музичка сцена, период кога сите лу дуваа по нив, ги полнеа клубовите и концертите.
Нивните хи тови и ден денес се пејат и се доста познати. Токму тие двајца беа гости во емисијат Г- Карпет и после десетина години излегоа на телевизија заедно.
Тие низ интервјуто потврдија дека ова и е прво видување после долги години и прогворија за нивните односи како и за идните планови.
Тони Зен беше познат и по учеството на популарното реално шоу ,,Срвајвер” каде стана вице- шампион во конкуренција на многу натрпеварувачи.
– Искуството во ,,Срвајвер” беше непорценливо. Со мене учествуваа тогаш и Гоца Тржан, Николја која беше на почетокот на кариерата, Кнез, Никола Роквиќ и други.
– Го освоив второто место иако бев морален победник. Влегов прв во финалето и ги чекав преостанатите двајца, па потоа го премстија гласањето после три месеци во Србија.
– Да беше таму гласањето во тој момент сигурен сум дека ќе победев. Дури и го спремив македонското знаме да го развиорам.
– Сакав да покажам почит, сите гледаа но ти не ми дозволија, вели Тони Зен и додава: Велеа дека со Марко(Слаткар) сме скарани, но еве не заедно.
– Имаше некој недоразбирања во минатото, еве за ситуацијата и со Панчо ДНК, но не значи дека ако не работиме во исти насоки дека сме скарани.
– Многу песни не сакаме да ги слушаме не се наш жанр, но потајно внатрешно си ги пееме и ги знаеме и на свадби на пример тие песни се неизбежни.