Теа Таировиќ направи стампедо во Скопје, па се огласи и се извини до фановите

  • By admin
  • јули 11, 2021
  • 0
  • 7945 Прегледи

Српската пејачка Теа Таировиќ во моментов е една од најпопуларните на Балканот. Откако таа го објави видето како и даваат бакшиш во илјадници евра цената за нејзиниот настап неколкупати порасна.

Пејачката Теа Таировиќ неодамна пееше на приватна прослава каде собра мноогу добар бакшиш.

Имено, на Фејсбук се појави видео во кое Теа пее додека околу неа летаат банкноти, а во еден момент парите не можеше повеќе да ги држи во рацете.

Отпрвин, еден човек ѝ дава пари во рацете, а потоа тој започна да ги фрла над неа, на подиумот, додека Таировиќ цело време игра и пее.

Интересно е што меѓу банкнотите не можеше да се види друга валута освен евро, и тоа по 50, 100, 200, 500 евра. Поради огромната сума пари што ја доби пејачката, беше невозможно да се избројат, но според слободна проценка, изгледа како да добила 5.000 евра само за рефренот.

Теа Таировиќ е пример за пејачка која привлекува големо внимание во јавноста. Многумина го оспоруваа нејзиниот талент и вештини за пеење, и велат дека се здобила со слава со својот изглед, но таа го поби сето тоа и покажа дека навистина има талент, па направи вистински бум на сцената со нова песна!

Познато е дека нејзиниот изглед предизвикува голема внимааније, бидејќи е исклучително убава и згодна, а пејачката честопати ги истакнува своето заобленото тело и совршените облини во преден план.

Таировиќ викендов имаше два настапи во нашата држава кој очекувано беа мошне посетени.

Првиот го имаше во Кочани во петокот, додека вториот вчера во Скопје, поточно Илинден. Таа се огласи на инстаграм каде сподели снимки и притоа напиша:

-Македонија, што да ви кажам, вечерва пеевме, се смеевме и плакавме заедни. Последните 7 дена имав некои нервози, а вие ми ја вративте насмевката на лицета, вие сте мои и јас сум ваша. Благодарам на организацијата.

П.С. Жал ми е што не можев да се фотографирам со сите, но настана стампедо на бината и повеќе не беше сигурно за вас, но и за мене. Засекогаш ваша Теа.