Татјана Стојановска со пофалби за Тони Михајловски: Се гордеев со тебе – браво

  • By admin
  • мај 15, 2022
  • 0
  • 391 Views

За родениот кумановец Тони Михајловски не се потребни да се трошат зборови. Истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, водител на радио и телевизија и стоечки комичар.

Како што рековме популарниот Шанац е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.

Во 2010 тој станал добитник на наградата за најдобар глумец на петтиот меѓународен театарски фестивал „ЈоакимИнтерФест“ во Крагуевац, Србија.

Во последно време Тони беше доста активен на политички план од опозисиската ВМРО ДПМНЕ, па на последните локални избори беше и кандидат за градоначалник на Куманово, но на крај не успеа во оваа цел.

Јавноста го памети по неговите славни улоги во филмовите Буре Барут, Панкот не е мр тов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот.

Како и за многумина познати личности, така јавноста и публикаа сака да дознае нешто плус за приватниот живот на популарниот Шанац, а тој нема проблем за тоа да говори.

Освен со ангажманите во Македонија, популарниот Шанац има доста активности и снимања во соседна Србија.

– 99.9 посто работам во Србија а 0.01 посто работам во Македонија. Според она што работам овдека, во Србија сум пута 5, турбо. „Сенки над Балканот 2“, потоа „Тајкун“, „Црна свадба“ рече Тони за својата работа во Србија. „Црна свадба“ веќе се емитува на Телма.

Очигледно Михајловски е испрово циран од одредени луѓе кои веројатно се прашуваат каде е, па тој на својот фејсбук профил сподели статус со кој на некој начин им се објаснува и правда на оние кои се прашуваат за него.

„Не сум се преселил, сеуште, душогрижни хиени. Кога тоа ќе се случи ќе пишам еден статус јбт. Во соседна и пријателска Србија сум на привремена работа. Ако баш ве интересира снимам, повеќе од една, серија“ стои во статусот на Тони.

Во коментар на овој пост се јави многу познати лица, меѓу кои и тв водителите Јанко Јади бурек, Ели Танасковска и Татјана Стојановска која му порача:

„Ја гледав „Једини излаз“, и се гордеев со тебе и со Никола, браво“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *