Татко му спие на пари, но синот на Аца Лукас работеше како таксис за да сега ја промени професијата

  • By klaster1
  • јули 27, 2021
  • 0
  • 6141 Прегледи

Сведоци сме на многу голем број примери, кога познати изведувачи музичари, се трудат и вложуваат своите деца да бидат како нив.

Односно да пејат и да бидат познати, како нив, но дарбата не секому е иста, и неможе секој да биде како родителот, набрзо тие ликови со пробна кариера заминуваат во заборав.

Мега популарниот, еден од најбараните изведувачи на овие простори и пошироко Александар Вуксановиќ, попознат како Аца Лукас, не е еден од нив.

Неговиот син има потполно друга професија и е далеку од пеењето, но сепак чесно си го заработува парчето леб, и не се срами од професијата што ја работи.

До неодамна, Лазар Вуксановиќ, син на фолк-пејачот Аце Лукас, работеше како таксист во здружение во Белград, а сега ја смени професијата и работи како оператор на кол-центар.

Имено, колегите се воодушевени од синот на славниот фолкер, а тие истакнуваат дека тој е вреден и културен, како и многу скромно момче.

– Тој е прекрасно суштество, покрај таков успешен татко, никогаш не би морал да работи, може да се пофали и да ужива во луксуз, а сепак сака да заработи свој динар.

-Искрено сè најдобро за него, и тој брзо се вклопи во тимот, но и ја совлада работата. Колегите го обожаваат – изјави извор за „Блиц“.

– Никогаш не сакав да имаат заштита во животот само затоа што тие се мои деца. Ги научив дека мораат да заслужат да добијат нешто.

– Се разбира дека секогаш можев да им дозволам да имаат сè, но што би добил од тоа? На 30 години, тие не би направиле ништо и ќе живеат на мојот грб.

– Им дадов упатства и секогаш сум тука да им помагам, но не и да им давам сè на чинија – вели Аца Лукас во изјава пред некое време пред медиумите.