Тара Симов: Свесна сум дека сум најомразената личност во јавноста, не планирам да растам дете на овие простори

  • By klaster1
  • мај 25, 2021
  • 0
  • 332 Прегледи

Во новото издание на “Лазаров Шоу” гостин е Тара Симов, ексклузивно во Македонија за прв пат откако ја “избркаа” од Задруга. Младата девојка се чини ја следат скан дали каде и да се појави.

Во првото учество на Задруга успее за создаде голема фан база и беше блиску до победа, но дефинитивно во второто учество и афе рата со српскиот рапер Ша стана една од најомразените личности.

Искрено раскажа за учеството во Задруга, но и за “љубовта” со Ша која го натера раперот да се разведе од сопругата. Одговараше во свој стил без “влакна на јазикот” на сите прашања.

– Дојдов овде во Македонија малку да си ги средам мислите, да се видам со семејството, еве со татко ми се немам видено скоро една година, исто така и со моите помали брат и сестра.

-Тука е многу по лабав, по релаксирано, немам притисок од страна, шоу бизнисот тука не е толку развиен.

-Јас не сум некоја што расипува семејство. Едноставно јас и Ша се сакаме, иако тој ми ги даде картичките, и слични тие некој работи јас нив не ги користам, само сум заљубено во него.

-Јас немам влакна на јазикот, си кажувам тоа што го мислам, единствено што се каам и што би сменила е начинот на кој што влегувам во врски и самиот пристап. А за ништо друго не се каам.

– Јас се остварив на сите полиња, имам слава имам пари, имам се само уште да станам мајка ете тоа ми е желба, едвај чекам Ша да излезе од ,,Задруга,, и да заминеме во Грција, јас не планирам воопшто да чувам и растам деца на овие простори.

-Свесна сум дека сум најомразена личност, последиа од тоа имаат и моите пријатели, роднини, добивам и закани, но тоа не ме додирнува, луѓето можат да дојдат и само да се сликаат со мене и ништо повеќе, вели Тара во емисијата на ,,Лазаров,,

-Единствен од македонската естрада што ме разочарал е Таско, со него сум излегувала но така спонтано, или од настап, не е точно тоа во медиумите што наводно сум сакала да го нападнам, потенцира Тара.

Инаку Тара е ќерка на стратегот и освојувач на купот на Македонија Горан, кој веќе неколку години е во Силекс, а откако заврши со играчката успешна кариера, се насочи кон тренерската и оваа година го освои тронот во купот, каде поуспешни беа од екипата на Академија Пандев.