Тамара Тодевска менува професија – тргнува по стапките на сестра и Тијана

  • By admin
  • јуни 5, 2021
  • 0
  • 853 Прегледи

Една од нашите најпознати пејачки Тамара Тодевска е активна на социјалните мрежи, па често со своите следбеници споделува што има ново од професионалниот, приватниот живот.

Таа често знае да ги снима и своите деца, Хана и Дарен, кои веќе се потпораснати и се преслатки. Меѓутоа, деновиве, поточно на 1ви јуни, Тодевска имаше убав повод за славење.

Имено, пејачката го прослави својот 36 роденден. По тој повод, таа дуваше роденденски свеќички со број 36.

Како во кусите приказни на „Инстаграм“, така и под објавата се нижеа бројни честитки на сметка на пејачката.

Тамара Тодевска тргнува по стапките на својата сестра Тијана која веќе е влезена во актерските води преку серијата „Преспав“.

Сега и Тамара стана актерка и промени професија, барем привремено.

Во Скопје денес премиерно ќе биде прикажан трејлерот за новата македонска акциска серија насловена „Блек опс“

Серијата е во продукција на Artistic Film Production, режија на Били Дурмишовски (Billy D.), а актери се Даид Мука, Христијан Тасковски – Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов и многу други.

Блек Опс е серија која го следи Вилијам Конор, американски в ојник, соочен со најтешките предизвици и најголемите тешкотии во животот.

Низ исклучително збунувачки збир на околности, тој започнува да ги составува изгубените парчиња од една неизмерно огромна и мр ачна загатка што го води кон Балканот во Источна Европа и можноста за спасување на неговото ки днапирано семејство.

Со помош на неговите пријатели Бабиќ и Нора, Конор успева да започне да ги бара слабостите на неговиот противник Сатар, за да открие дека меѓу сенките на зл осторствата на Сатар, демнее многу посуптилен и опасен непријател.

Промоција ќе биде на платото пред Скопје Сити Мол, а трејлерот ќе се прикаже на затворена промоција во Синеплекс.