Сузана од прилепско во солзи: Нема со што да се прехраниме, често легнуваме со гладни и натажени

  • By klaster1
  • јули 12, 2021
  • 0
  • 7455 Прегледи

Сузана Јовческа од Дупјачани, Прилепско е сопруга и мајка на три бол ни деца, таа и сопругот се невравотени, старата и  дотраена куќа прашање е на време кога ќе се распадне.

Ова пет члено семејство живее со едвај 5 илајди денари месечно социјална помош кое им го укинуваат, а боле стите ги надвиле и неможат да кренат глава.

Јовческа има 53 години, таа пред две децении доаѓа од Скопје и се мажи во прилепско со Валентин, но уште на почетокот на бракот се соочува со лоши работи. И по чинува првото дете, а потоа раѓа уште три.

– Завршив само осмо одделение, повеќе од тоа не сум се образувала, толку беа условите, останав само со мајка ми и брат ми.

– Потоа решавам да се омажам имав еден братучеди од ова село и доаѓав кај него и така се запознавме и останав тука, родив едно момче, но тоа имаше проблеми и си замина од овој свет.

– Потоа родив уште три деца од кој едното е машко Благојче, сите тие учат во специјална паралелка, и имаат проблем со зборувањето.

– Јас сум работел многу работи уште во 80те и 90те години, но започнаа да не условуваат и да бараат нешто што не ни можеме да го завшиме.

– Одев после приватно нешто, но и на бирот бев, ми нудеа работа во Кавадарци да одам, но како со што и во колку јас треба да појдам од Прилип во Кавадарци навистина неизводливо.

– Јас имам 15 години стаж, но немам години за да заминам во пензија, ситуацијата е многу лоша, децата ми бараат за јадење а од каде да им дадам, вели Валентин.

– Земавме социјални примања, но ни ги укинаа поради тоа што сме саделе тутун, кај можам јас со овие деца да имам време и тутун да садам, вели Сузана.

– Ситуацијата ни е многу тешка, немам ниту облека доволно, а камоли да се прехраниме, прозорците се искршени, а за зимо да не зборувам како поминуваме.

– Јас сум работела земјоделие во главно, но овие деца неможеш да ги оставиш така, ми велат ги ма чи ова, она, но немам пари со што да ги лекувам.

– Учев во Скопје, се дружевме таму беше убаво сега се вратив овде, животот е многу тежок, немаме пари,вели 31- годишниот син Благојче.

– Имам многу проблеми, дури и талбетите што ги пијам не ми помагаат, не се издржува, во голема немаштија сме, кога има работа нешто и помагам на мама, вели Наташа.

– Ова за мене не е живот, не се ни сеќавам кога се имам насмеано, децата се гладни, си бараат, некогаш ќе поткаснеме, а кога нема ќе си легнеме.

– Гледам пред децата да бидам силна, и некогаш и ќе се завртам на страна и ќе плачам, незнам како ќе продолжиме, вели со солзи во очите Сузана.

– Се бањаме во корито, бања немаме, така одржуваме хигиена колку толку, пари не остануваат, да отидеш до Прилеп да купиш нешто треба пари.

– Не знам што попрво ми треба, немаме ниту столови ниту маси, ниту прозорци, ниту пак кревети за да можеме нормално да спиеме сите, вели Сузана.

– Немам ниту доволно облека, ниту пак храна, многу лошо се чувствувам, често сме гладни, немаме никакви услови, истакнува Наташа.