Стружанецот Васе: По 8 години во Германија се преселив во Швајцарије – мислам дека се родив пак

  • By admin
  • мај 4, 2021
  • 0
  • 443 Прегледи

Да ме праша некој сега дали се каам затоа што сум заминал од Македонија, слободно ќе одговорам не! Не дека претходно била нешто подобра ситуацијата, но последниве неколку години сериозно сум загрижен за иднината на младите долу.

Како што е тргнато најголем дел од нив се иселени и тоа ќе продолжи, ретко кој има желба да остане и да промени нешто – освен оние условените за работа.

Јас живеев во друго време, но сепак не беше сјајно за да останам со моите. Не заминав поради далеку од завидната состојба во здравството или образованието, тогаш не се замарав толку, заминав само заради пари.

Моите родители беа сиромашни, немаа пари да не издржуваат истовремено мене и двајцата помали браќа, па мораше еден од нас да замине. Браќата беа уште ученици кога заминав и за нив одеа најмногу пари.

Јас се обидов да поработам долу некој занает, но не успеав да заработам многу. Одлучив да заминам во Германија за подобра плата и да можам да ги издржувам моите.

Среќа што имав познати пријатели таму па тие најмногу ми помогнаа дури да се снајдам. Тоа беше негде пред 8 – 9 години, тогаш млад и со голема желба за работа се вработив во фабрика за производство на делови.

Си го средив животот, буквално раат бев, имав доволно заштеда и за мене и за да испраќам на фамилијата. Работев и јас им помогнав на браќата, ги исшколував и планирав и нив да ги донесам наваму.

Многу ми се допаѓаше животот, се беше средено, не сакав да си заминам од таму, си шетав и го сакав начинот на живот. Тогаш ја запознав и љубовта на мојот живот.

Беше дојдена еднаш на гости кај заеднички пријатели, се запознавме и почнавме да излегуваме. Македонка, одамна иселена во Швајцарија со нејзините родители.

Проблем беше тоа што не можевме често да се гледаме, но набрзо си дадовме збор и почнавме да спремаме документи за да се преселам кај неа. Таа имаше своја куќа од нејзините и повеќе ни одговараше така, отколку да живееме кај мене под кирија.

Ми беше тешко да ја напуштам работата, толку време работев и бев ептен близок со сите. Бев во неизвесност заради промената и не се ни надевав дека воопшто би ми бил подобар животот во Швајцарија.

Сум бил претходно само на прошетка и секогаш имав чувство дека таму е сè поскапо и не би можел да преживеам. Баш напротив, можеби затоа што бевме двајца и ги делевме приходите, животот таму уште повеќе ме привлече.

Да знаев уште веднаш ќе се преселев таму. Повисок е стандардот на живеење, повисоки цени, но самиот воздух вреди многу повеќе од се материјално. Сè е толку средено и совршено.

Има толку многу убаби пејзажи и планински места за посета што нема доволно време, омилен одмор ми е тој – да шетам по такви планински излетнички места.

Работодавачите ги ценат работниците, даваат убава плата спрема рабптата и воопшто немав проблем да се прилагодам на новата средина. Многу ми значеше тоа што бевме станбено обезбедни.

Си добивме и две деца и убаво си го тераме животот. Се грижам само за моите родители, ќе останат сами на крај. Едниот брат веќе две години е во Германија, а еве сега помалиот заврши факултет и планира да се исели тука за да работи или да продолжи да учи.

Тешко е само тоа што сме одделени од најблиските, инаку на секого му велам ако има шанса да замине од Македонија. Да излезе од таму и да живее мирен живот, без грижа за иднината на своите деца – вели на крај Васе кој е по потекло од Струга.

Обработил: Д.С Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да се превзема без дозвола од редакцијата на Кластер.мк