Стојан од Скопје: На ќерката не сакам сенката да и ја видам, кога имав давав а сега ме шутна, немам волја за живот

  • By klaster2
  • ноември 21, 2021
  • 0
  • 824 Views

Животот не е се така розов, дава и успони и падови, го одбележуваат различни моменти, среќни и тажни, но ако имаш некој покрај тебе тоа полесно би се препродило.

Но не секој ја имаа таа среќа да има личност до себе која ќе му биде утеха. Осаменоста е можеби најголемата бол ка, а таква судбина има дедо Стојан од Скопје.

– Имам само основно образование, се оженив на 30 години со Душка, а од тој брак имаме едена ќерка, но не сакам ниту сенката да и ја видам, за мене таа не постои, вели огорчено дедо Стојан за ,,Срце на Дланка”

– Кога имав пари и давав, но потоа таа ме заборави, не сакаше ниту да ме прими кај неа, и велев да отидам кај неа бидејќи овде ѕидот ќе паднеше врз мене но од тоа ништо.

– Во бракот не ни одеше, сопругата ме лажеше цело време, велеше ќе оде кај нејзините, но таа одела на други места, откако добивме дете повторно истото.

– Тогаш реков дека е доста, таа ме користеше за пари, и поради лутина ја напуштив работата само за да не и давам пари, а тоа ми е најголемата грешка во животот, вели Стојан Тодоров.

– Работев и земав убава плата, да не го направев тоа ќе земав и пензија денес, но сега земам само социјална помош од околу шест илјади денари.

По разводот и по упоко јувањето на неговите родители тој поминува големо време во црквите каде што се прехранува, а работи кога ќе го повикнат.

– До скоро работев, чистев, цепев дрва, но телото ме издава, еве пред некој ден дојде една комшивка и побара да и исцепам дрва, но неможев бидејќи немам веќе сила, искрено вели дедо Стојан од Гази Баба.

– Што поправо да направам со шест илјади денари, илјада оди на струја, па вода исто така, крово протопува, кога заврне тогаш претставува голем проблем.

– Се бањам во корито, дува од сите страни, колку можам си готвам нешто, морам што да правам, за мене е луксуз да јадам салата со јадењето.

– Си седам сам, немам ни телевизор, да има телевизор барем на момент вниманието би ми одело на друго место, вака седам пред прозорот и гледам како авионите полетуваат и слетуваат, и ги бројам голубите.

– Немам волја ниту за живот, порано јадев по два пати сега еднаш во денот, кога ми текне дека сум сам не ми се ни јаде некогаш, вели искрено Тодоров.

Доколку сакате да му помогнете на дедо Стојан достоинствено да го живее остатокот од својот живот, тоа може да го сторите на телефонскиот број 077 702 191 или на трансакциската сметка во продолжение:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.