Стојанче Ангелов: Сеирот е дел од нашиот менталитет – јас се навикнав одамна

  • By admin
  • јуни 2, 2022
  • 0
  • 361 Views

Првиот човек на Центар за управување со кр изи, Стојанче Ангелов деновие повторно се најде во центарот на медиумското внимание.

Причината веќе е добро познато, а тоа е случајот со фабриката во Тетово каде што на лице место беше и самиот Стојанче Ангелов.

Ангелов за цело време беше во комуникација со надлежните кои се на терен и во реално време ги пренесуваше информациите со медиумите и воедно јавноста.

Една од неговите неколку изјави предизвика големо внимание и беше доста споделувана и коментирана на социјалните мрежи, а Ангелов не остана должен со коментар и кажа:

Нашите храбри пожарникари, храбри пилоти на хеликоптери и храбри вој ници и полицајци вчера покажаа исклучителна професионалност и пожрт вуваност.

Не значи дека ако нешто е наше, домашно, македонско, по автоматизам не чини. Да учиме од другите но и да си го почитуваме своето.

Сите ние заедно вчера бевме на висина на задачата. Со онаа опрема која ја имаме, со оние средства со кои располагаме. Недостатокот на средства и опрема го надополнивме со големо срце, посветеност и пожр твуваност.

Голема благодарност до сите професионалци но и граѓани кои вчера учествуваа во гаснењето на големиот пож ар во Тетово во кој никој не заг ина ниту некој беше сериозно повр еден, но и до медиумите за професионалното и објективно известување.

А сеирот, сеирот е дел од нашиот менталитет и барем ние јавните личности мора да се навикнеме на него. Јас се навикнав одамна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.