Стојанче Ангелов отворено: Подготвен сум да ја напуштам и да си заминам од Македонија

  • By admin
  • август 3, 2021
  • 0
  • 20847 Views

На прашањето дали има одговорност и дали ќе си даде оставка, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов рече дека ќе почека прво да се изгасат пожарите, па потоа ќе се направат анализи.

„Прво да ги изгасиме пожарите. Републиката е во пламен. Прво да ги локализираме, и нека се олади се, па ќе направиме анализа. Јас мислам дека е најважно што спасивме човечки животи.

Ако има одговорност кај мене, јас ќе си дадам оставка и ќе си одам од земајва. Ама ако нема, тогаш барам извинување од сите кои ме напаѓаа во последните денови дека ЦУК ништо не превземал“, рече Ангелов.

Денес се состана групата за проценка за да дискутира за состојбата со пожарите. Беше одлучено дека нема потеба од прогласување на кри зна состојба на дел од територијата на земјава, но сепак будно ја следиме ситуацијата, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Според него, оваа одлука се должи поради тоа што претседателот Пендаровски даде наредба за употреба на копнени сили на Армијата, а исто така каналите за добивање меѓународна помош се отворени.

„Вчера се појавија дези нформации дека вчерашниот пожар во Кочани траел 5-6 денови и не бил изгасен. Тоа е ноторна ла га.

Вчерашниот пожар беше сосема нов, на нова локација и се случил најверојатно поради спојување на жици од бандери или далноводи, но тоа МВР треба да ја спроведе истрагата и да соопшти“, објасни Ангелов.

„За каков неангажман на ЦУК зборуваме? Вчера имав слободен ден и заминав во Крушево. Сакам да го чествувавм нашиот најголем празник. Ние не можевме да предвидиме дека ќе се случи пожар.

Вчера имавме 14 такви пожари. Без разлика каде сум, мене ми треба телефон и екипата од ЦУК која вчера машки излезе на терен. Навреда е тврдењето дека ЦУК не презел ништо.

Ние и повеќе од тоа направивме. Дали за нечии бол ни амбиции треба да ги ризи куваме нашите пилоти? Дрвјата повторно ќе пораснат, ќе ни се вратат. Важно е дека спасени се човечки животи“, истакна Ангелов.

Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, ќе побара извинување од сите новинари поради како што рече, на падите што ги трпел во текот на вчерашниот ден поради пожарите во Македонија.

„Ако се утврди дека сум потфрлил за пожарите, ќе си заминам од државава. Ако се утврди спротивното, ќе побарам извинување од сите новинари кои ме нападнаа и мојата мајка мораше да ги слуша сите тие работи. Земете истражете, не пишувајте шпекулации“, рече Ангелов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.