Столе од Штип неможе да си го исполни сонот: Сакаше да оди да се дружи во Скопје, да учи да се социјализира

  • By klaster1
  • мај 14, 2021
  • 0
  • 880 Прегледи

Сонот на Столе од Штип да оди во Скопје на училиште и да се дружи со другарчињата и да учи е стопиран поради пандемијата.

Тој е дете со попреченост, тој следи настава на мобилниот телефон, чекајќи да се вклучи професорот за да може да му раскаже некои лекции, но многу често се случува професорот да не се вклучи па тој е препуштен сам на себе.

Мајката на Столе, госпоѓа Славица се труди да му посвети поголемо внимание на својот син, но меѓутоа тука не изостануваат обврските. Таа посочува дека желбата на Столе да оди и да се дружи е повеќе од голема.

– Му беше голем сон да оди да се дружи во Скопје, да учи да се социјализира, но се случи пандемијата и тој мораше да остане дома и од дома да ги следи предавањата, вели неговата мајка.

-За него и за нас тоа е еден вид ново искуство, многу работи научивме заедно, но сепак не е исто кога се дружиш и имаш интеракција.

– Столе настава следи преку мобилен телефон, бидејќи преку лаптоп настава следи неговата сестра која учи во четврто одделение.

Славица нема доволно средства за да им овозможи и на двете деца да следат настава преку лаптоп.

-Финансиите се главен проблем, со години мака мачам со вработувањето, еве сега сум образовен асистент, а платата е под просечната.

Детскиот психијатар др. Марија Ралева вели дека 2020 година е година која најмногу влијаеше врз децата со попреченост, и покрај тешкотиите тие се соочуваат со дополнителни проблеми.

– Тие немаат контакт со улилиштето, со своите врсници, создавање на навиките и рутините, тоа во еден момент престанува.

-Децата со аутизам и пречи во развојот се на најголем удар и последица од овие случувања. Толеранцијата и сфаќањето кон непознатото многу се рефлектира кон нив, вели др- Ралева.

Со процесот на имунизација на населението таа се недава дека полека животот ќе се врати во нормала а и секојдневните активности повторно ќе бидат во правилен тек, пренесува Мнет тв.