Српските новинари децидни: После Тоше Проески, Македонија нема естрадна ѕвезда

  • By klaster1
  • септември 13, 2021
  • 0
  • 1175 Прегледи

Од години во години повеќе од јасно е дека македонскиот естраден пазар е многу мал, по потрага по повеќе слава и публика нашите пејачи се фокусирани на регионот.

Но за жал поголем дел од нив не направија значаен успех и покрај тоа што пробаа да соработуваат со колеги од Србија и другите соседни земји.

Од друга страна пак сведоци сме за тоа колку српските изведувачи се ценети и барани во Македонија, но колку нашите се акетуелни во Србија е знак прашалник.

Екипата на ,,Бекстејџ,, на оваа тема разговараше со естрадните новинари од соседна Србија, Мили Чолиќ и Иван Гајиќ, а тие дадоа свое видување зошто ситуацијата е таква и зошто ги нема нашите изведувачи.

– Постои онаа позната изрека : Во Босна немој да пееш, во Србија немој да играш, а низ Македонија ниту да пееш ниту да играш”, вели Мили

– Кога ќе ја погледнеме и историјата на изведувачите од Македонија, ќе заклучиме колку се и тие самите свесни дека се талентирани но немаат храброст тоа да го покажат.

– Реално пазарот во Македонија е многу мал и за да тие изведувачи направат некој чекор понапред мора да се успешни во Македонија, па потоа и да успеат пошироко. Мислам дека во Македонија нема многу ѕвезди сега можеби ниту еден, вели еден од естрадните новинари.

– И покрај сите натпреварувањеа и збиднувања сведоци сме дека во последниот период Македонија нема некоја музичка ѕвезда која двои, вели Гајиќ.

– За жал мислам дека после Тоше Проески никој друг не светна во најсветло изданија иако многуимна пробаа. Тој беше светски познат.

– Во Србија можеше да направи концерт каде и да сака. Исто така Есма Реџепова морам да ја спомнам која направи успешна кариера. За жал и двјацата не се повеќе меѓу живите, додава негов колега.

– Познавам доста добри изведувачи од Македонија како што се Каролина Гочева и Елена Ристеска, и други сега да не набројувам.

– Но во ова време покрај тоа што пеете мора да имате и пари, тоа е битен сегмент, пеењето веќе не е доволно, така е и во Америка и во Германија и ширум светот.

– Сега се сервираат многу песни, од различни жанрови и изведби и мора да го понудите најдоброто, не е доволно само да ставите на ,,Јутјуб,, и завршена работа, завршува Иван Гајиќ.