Српските граничари се изненадиле кога виделе колку пари носи Македонец од Германија

  • By admin
  • јуни 7, 2021
  • 0
  • 3638 Прегледи

Се наоѓаме во период од годината кога македонската дијаспора започнува да ги користи годишните одмори и да се враќа во родната држава.

Како што е познато од пред некој ден започна нови правила за контрола на пари во готово и вредни предмети што влегуваат и излегуваат од ЕУ ќе стапат од денес.

При што сите патници кои влегуваат или излегуваат од територијата на ЕУ ќе треба да пополнат декларација доколку носат 10.000 евра или повеќе во валути или еквивалент на таа сума во други валути, како и во други начини на плаќање како што се патнички чекови или меници.

Од Европската комисија наведуваат дека новото правило е дел од напорите на ЕУ во борбата против пер ењето пари и изворите за финансирање.

Но еден наш иселеник очигледно новиот закон не го прочитал, па сега има и тоа за што да жали.

На излезот од преминот Прешево, српските царински службеници, во соработка со полицијата, спречиле обид за кр иумчарење на скоро 160.000 евра, што македонски државјанин се обидел да ги внесе преку границата без да пријави.

Пре кршокот е откриен кога автомобил „Мерцедес Бенц“ со германски регистарски ознаки пристигнал на контролната линија за излез, со кој 72-годишен државјанин на Македонија патувал од Германија кон нашата земја.

По пребројувањето утврдено е дека станува збор за сума од 158.000 евра. На патникот веднаш му биле вратени 10.000 евра, што според важечките прописи во Србија и ЕУ, може да се пренесат во готовина преку границата, додека надлежниот суд донел одлука за преостанатата сума по итна постапка.

Патникот е каз нет со судска одлука, а трајно се одземени 148.000 непријавени евра, во корист на државниот буџет.

Српската царинска управа нагласува дека е дозволено пренесување до 10.000 евра преку границата, а дека износите над оваа сума мора да бидат пријавени кај царинските органи, со валиден доказ за потеклото на парите.

На 3 јуни започна примена на нови правила за влез и износ на готовина во ЕУ, што подразбира построга контрола на пренесувањето на пари над границата од 10 000 евра со цел поефикасна борба против перењето пари и финансирањето на тероризам.