Споредба на цените за туризам: Истото јадење во Албанија е два пати поефтино од Хрватска

  • By klaster1
  • јули 21, 2021
  • 0
  • 7300 Прегледи

По пауза од една година, оваа сезона летувањата ни се подостапни, и многумина размислуваат каде ќе го поминат одморот или веќе го сториле тоа.

Во изминатата година кога границите беа затворени, поголем дел од нашинците се насочија кон домашните понуди Охрид, Преспа, Дојран.

Оваа година ситуацијата е по лабава, повеќе нашинци како и во обичај избраат дестинации надвор од границата, од колку тука.

Соседите се најбарани, но во зависност и од буџетот, се подостпани се и далечните дестинации, кој се достапни како никогаш досега.

На пример во Црна Гора ситуацијата со вирусот е смирувачка. Не е проблем да се влезе во земјата бидејќи сите мерки се олабавени поради туристичката сезона.

Црногорците можат да го преживеат тоа затоа што имаат мал број на заразени и вакцинирана третина од возрасната популација. Но, за работа во туризмот беше потребно да се вакцинираат, се вели во извештајот на ,,РТЛ Данас,,

За разлика од Албанија, маските се носат во продавниците и банките во Црна Гора. Мерките се следат, но тие исто така се обидуваат да искористат се што можат од сезоната.

Споредувајќи ги цените во регионот, топката сладолед во Албанија чини 0,4 евра, во БиХ 0,8, во Црна Гора 1,06, а во Хрватска 1,33 евра.

Кога се споредува цената на рижото со морска храна, тоа е најскапо во Хрватска (10 евра), а најевтино во Албанија, каде чини 5 евра. Вие мора да платите 7 евра во БиХ и 8 евра во Црна Гора.

Иако Хрватска е поскапа од другите земји во регионот, мора да се истакне дека нивната комунална и туристичка инфраструктура се далеку поразвиени.

Така што тие цени може да имаат свое оправдување, се наведува во додатокот. Според новинарот на РТЛ Данас најдобриот летен одмор е во Будва.

Грција пак зависно во кој регион, сте но цената во главно е иста, а е честа опција и избор на Македонците, пред се поради близината.