Спенџарска си кажа што сака да се воведе под итно на работа

  • By klaster3
  • септември 10, 2022
  • 0
  • 257 Views

Впечатливата ТВ водителка Јелена Спенџарска изминатиов период буквално го живее животот од соништата. Цело лето е некаде на пат и изврте неколку европски земји.

Летото го искористи максимално за да ужива на топлото сонце и разбрануваното море. Откако започна сезоната на одморите Спенџарска буквално не е застаната.

Откако еден период беше во Италија, Грција и Шведска, замина во една меѓу најскапите земји за летување – Хрватска. Според Јелена одморот во Хрватска и е на место број еден најубав одмор.

„Одморот тука е дефинитивно најдобриот и најубавиот одмор кој некогаш сум го имала!!! (Кога ќе ми текне колку се двоумев дали да дојдам и колку немав апсолутно никакви очекувања, лелее).

Овде се видов себе во светло кое го сакам засекогаш и по којзнае кој пат ми се докажа тврдењето дека средината во која живееш е мноооооооогу важна за твоето мен тално здравје, напиша во едно Инстаграм стори.

Секојдневно е активна на социјалните мрежи, па од она што го споделува нејзините фанови може да забележат дека водителката е презадоволна од нејзиниот начин на живот, тело и умстве на состојба.

Водителката буквално е како препородена затоа што и се случиле многу нови работи, веќе знае што сака и што и треба во животот, па тоа не го ни крие од јавноста.

Ако некој е познат по давањето совети и мудри мисли за живеење исполнет и задоволен живот, тоа сигурно е незаменливата Јелена Спенџарска.

Откако се врати од летниот одмор се пофали дека се вселува во нов стан, но и дека ја нашла својата сродна душа што многу ја радува.

Цела летна сезона водителката одмараше, а сега конечно се врати на работа и луѓето повторно може да ја гледаат секој ден на малите екрани.

Но, изгледа и Спенџарска долгиот одмор малку ја одвикнал од работа, па на социјалните мрежи си напиша што и фали во периодот кога се враќа на работа.

„Враќањето на работа после одмор треба да биде постепен, полека, без никакви шо кови. Под итно да се воведе период на адаптација како во градинките, првиот ден доаѓаш чисто да видиш што има, вториот ден да си поиграш малку, третиот можеби и ќе останеш два саати, па таму тек после недела дена – целосно работно време !!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.