Спасе временска прогноза им згрме на самопрогласените доктори: Навелико даваат совети желни за внимание

  • By klaster3
  • јуни 5, 2022
  • 0
  • 341 Views

Спасе Јовановски, или како што многумина го знаат Спасе „Рола до бола“, е еден од презентерите на временската прогноза на ТВ „Сител“.

Покрај обрвските во “Сител“ со временската прогноза, стои како извршен продуцент на инстаграм профилот на неговата блиска другарка Лила Филиповска.

Спасе секојдневно е активен на социјалните мрежи и знае да сподели по некоја интересна фотка или статус, па така и овојпат очигледно испрово циран од погрешната употреба на социјалните мрежи, на неговиот Фејсбук профил напиша:

„За експертите по медицина кои немаат ни средно! Прво беше вака…Фејсбукот беше нова интересна алатка! За кратко, сите се поврзавме, се најдовме, комунициравме пишувавме глупи статуси.

Потоа следеше бран на политика, циркулираше лоша енергија од уште полоши олоши. Па полека но сигурно си заминавме на инстаграм! А тамо убавини!

Креативни фотографии, убави места, фотки од плажи, планини, пејсажи, модели, јадења…рај! По краток период, почнаа да напаѓаат блогерки кои срамежливо но успешно прераснаа во ИНФЛУЕНСЕРКИ. Никнуваа ко кишни глисти, една па друга.

Па се напраи карамкаша!Не се знаеше кој јаде, а кој пие на пуста компензација!Па за пусти лајкови се сликаа ко од мајка родени… Но и тоа помина, па кога немаа што да понудат, дојде ерата на сожалување.

Во нивните плитки мозоци, мислеа дека најдобро ќе бидат забележани доколку ги споделат своите мани и она најлошото, своите болести и стават ама баш се на изволте!

Па така, плачеа пред камера, се тресеа, ред солзи, ред мрсули, од оваа страна нивните “фанови” ги тешеа… Абе да можеа и како вршат нужда и тоа ќе го снимат… Упс, чекај малце, па тоа се деси у Дубаи.

Сморени од се, сироти ние желни само за забава отидовме на “Тик Ток”. Скроз Кул… Имитација и тролајње на познати личности, вкусни рецепти, профили каде што можеш да научиш трикови за чистење, по некој билдер нишо страшно…

Но ѓав олот секогаш доаѓа во убаво пакување! За кратко, и вамо се појавиа нака зи кои ничим изазвани они навелико даваат совети за дерматологија, психо за, деп ресија, и популарната анксиозност.

Па дајде бре луѓе аман! Доколку имате проблем било каков постојат установи! Проблеми со кожата – дерматолог! Забот те боли идеш- стоматолог!Женски “проблеми” – гинеколог! Машки “проблеми” – уролог! Уво Нос и Грло- Оториноларингологија! Душевна болка- психијатрија!

Не се учете и не ги користете социјалните платформи за лечење болести кои треба да ги лечат стручни лица кои учеле школо за разлика од вас нака зи желни за внимание! ПС: Ако некој се најде прозван… И за тоа ме заболе!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *