Спасен Силјаноски: Јас секогаш ја преферирам и ја сакам нашата музика, тоа е мојот стил и печат

  • By klaster3
  • октомври 10, 2022
  • 0
  • 241 Views

Човек со мелодичен глас и секогаш со насмевка и позитивна енергија е нашиот фолк пејач Спасен Силјаноски.

Спасен е еден од ретките македонски пејачи кој ја негува и пее исклучиво македонската музика, и како што вели, иако се едуцирал со секаков жанр на музика го нервира тоа што кај нас е доминантна туѓата музика повеќе од нашата.

Потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника која до денес ја чува како сувенир.

Спасен беше гостин во емисијата Едноставно заводливо на МРТ каде што зборуваше малку повеќе за музичките корени, за неговата кариера, но и за музиката која ја преферира.

– Во моето семејство Силјаноски музиката е всадена во вените. Јас потекнувам од едно музичко аматерско семејство и јас најверојатно тие гени и љубов сум ја наследил од нив.

Од кога паметам за себе се занимавам со музика, аматерски на почетокот, на мои 6 години. Парадокс замислете ме научи татко ми да свирам а тој не знае да свири.

Пред да почнам да пеам професионално свирев свирев по различни веселби и свадби бев хармоникаш. Првата композиција е мојата песна „На свадба ме канат“, таа е 2009та година кога бев на „Роса фест“, таа ми беше отскочна даска, вели Спасен.

Тој е многу приврзан за својата мајка, Јагода, која најчесто ги пишува текстовите за неговите песни.

– Музиката е моја, текстовите главно ги оставам на мојата мајка таа знае што чувствувам, како размислувам, знае што сакам да испеам и мојот живот го отсликува преку нејзините текстови.

Како еден професионалец треба да не сте ограничен. Добро е да ги познавате и да слушате од секое музичко подрачје, сепак во мојот ген останува таа кичевска западна мелодија.

Јас секогаш ја преферирам и ја сакам нашата кичевска музика, тоа е мојот стил и печат, но секако ги респектирам и во другите региони и со задоволство ги пеам, додава пејачот Спасен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.