Соња од крушевско e голем борец: Децата ги израснав на нива, најголема желба ми е трактор

  • By klaster1
  • мај 21, 2021
  • 0
  • 3058 Прегледи

Соња Пусоска е 41 годишна мајка на три деца Валентин 20 години, Бобан 7 и Теодора која скоро ќе полни 4 години, од руралното село Свето Митрани, Крушевско.

Таа е голем бор ец, работи, се грижи за децата, препуштени се сами на себе и заборавени.  Таа вели: Кога ќе одам на тутун прво се прексрстувам и почнувам со берба мислејќи на децата кои сами израснаа.

-Тие ми се најголемото богатство, со нив легнувам со нив станувам, прво одиш да го видиш детето па потоа одиш на нива.

-Најмалото е само растено од 40 дена е в количка, сама гледана до нејзе шишенцето, учиме со Бобан кој сега е прво одделение, најоглмиот пак и тој со настава онлјан па потоа е со козите, јас практично и да немам слободно време вели оваа вредна жена.

Позитивно е што има многу работа, но не е платена, не ни е платен трудот, еве до сега субвенции не се пуштени ни од тутун ниту од кози, немаме земено ни денар субвенции а од нив чекаме.

Сега доаѓа време на орање, на садење, сето тоа ние го плаќаме бидејќи немаме трактор.

Јас веќе 4 години сум регистриран земјоделец, трипати по ред аплицирам, но не добивам субвенции, во документот стои дека ги исполнувам сите услови, дека се е во ред ама само немам трактор. Беше најавен минималец за жени земјоделци, ниту тоа не го добивме.

Во земјата околу 300 илјади од вработените се од рурални краишта а има регистрирано околу 38 илјади жени земјоделци.

Породилно не користев, досега за ниту едно од децата немам користено породилно, од државата земам само додаток за трето дете, ништо друго, 8300 денари, е кажете ми како со тие пари цела семејство да се крпи, а каде се трошоците, сметките, навистина тешко…

Заработка нема, ние тука на село ги вртиме парите, овде нема ништо, например за интеракција , немаш ниту кафуле, ниту кафеана,

-тука едноставно е бор бата да обезбедиш еден скромен живот за маливе, една храна и облека, а ние како ќе се снајдиме ќе носиме.

Еве например кога го носевме на пазар, сирењето кога ќе кажеш 250 денари, ти вели ете има подолу 180 или 150, им велам земи си одтаму

-Значи кај мене ова се е природно, тој има причина зошто го дава толку ефтино, ама еве ти конкурира, трудот никој не ни го цени и маката што се ме ја виделе.

86 проценти од жените во руралните средини сметаат дека се соочуваат со ограничени можности и немаат еднаков пристап до права и можности.

Ајде ние постарите како така туркаме некако, но мора да се помогне особено на младите, било кој и да е на власт, мора да се помогне на малдите за да тие имаат мотив и желба да останат овде и да работат.

Најголема желба мометално ми е тракторот, кога би имала средства, друго колку што можеме ќе си сработиме, и ќе повторам работата да ни биде ценета.

Немаме многу, но тоа што го имаме фала Богу е сработено со труд и си е наше ниту сме го украле ниту нешто слично. Рекле ,,Селото го храни градот, а не градот селото,, заклучува Соња за Види Вака.