Солзи радосници за баба Благица и нејзиниот син: Им ветив дека до Велигден ќе добијат дома

  • By klaster1
  • април 30, 2021
  • 0
  • 871 Прегледи

Семејството Лазаревиќ живееја во колиба која се закануваше дека ќе падне во секој момент, се навикнаа на глад, а одамна заборавените насмевки на лицата им ги врати хуманата каратистка од Врање, Тамара Мисирлиќ.

Бабата Благица Лазаревиќ (70) и нејзиниот болен син Часлав (45), кои се навикнаа на глад поради сиромаштија и живееја во куќа во селото Воганац во општина Бујановац.

Денес се преселија во нов дом благодарение на младата каратистка, девојка од Врање, Тамари Мисирлиќ (19). и хуманите луѓе кои и се придружија на оваа акција.

Солзи радост, прегратки, бакнежи, зборови на благодарност, но и нови соседи, балони и колачи. Тие се вселија во новата куќа.

По многу години ова семејство повторно имаат причина да се смеат и да бидат среќни,бидејќи беа долго заборавени поради сиромаштијата и тешкиот живот на кој беа осудени.

Тамара се погрижи за радоста и солзите радосници во нивните очи, за кои таа се грижеше и им вети дека неам да ги остави на цедило додека не ја исполни таа единствена желба – да имаат пристоен покрив над главата и услови достојни на човек.

– Имав голема желба Велигден да го дочекаат во нова куќа, како што доликува на тоа напа тено семејство. Нивната нова куќа се наоѓа во селото Кленике, каде што Часлав одеше порано до продавнициа со километри .

-Станува збор за домаќинство, штала, помошна куќа и трособна куќа – раскажува радосно и ентузијастички нашиот соговорник.

Како што вели таа, никој не живеел во таа куќа скоро 5 години, па морало да се обнови.

– Се беше купено за 4.000 евра, а мајсторите излегоа во пресрет и работеа 4 дена бесплатно, додека материјалот не чинеше околу 200 евра – истакнува Тамара.

Баба Благица и Часлав добија комплетно опремен дом: со целиот мебел, кујна, бања и тие веќе започнаа да запознааваат нови соседи кои со нетрпение ги чекаа целото утро.

– Паднаа солзи радосници, како и бакнежи и прегратки – вели младата каратистка, изјавувајќи дека сега на ова семејство ќе му биде многу полесно да оди во продавница, амбуланта … а животот од претходно ќе биде само едно нивно лошо сеќавањ.