Снеже Велков: Храброст глумиме и до став инаетлив се држиме

  • By admin
  • мај 19, 2021
  • 0
  • 304 Прегледи

Снеже Велков е позната водителка, но и пилатес инструкторка, а во последно време нејзините мисли и пораки на Инстаграм се инспирација за многумина.

Велков на социјалните мрежи исто така ги покажува вежбите со кои ја одржува совршенета линија.

Пред некој ден Снеже повторно се огласи преку својот профил на Инстаграм каде што напиша:

ЗОШТО ЛИ НАЈУБАВИТЕ ЗБОРОВИ НАЈТЕШКО ОД УСТА ИЗЛЕГУВААТ? Изговараме ли? Тргни ми се! Кога мислиме Гушни ме.

Изговараме ли: Да си одиш одма! Кога сакаме да кажеме: Не ме оставај Изговараме ли:И ти правиш исто! Наместо Извини.

Изговараме ли:Ти реков дека не можеш! наместо Сакаш ли да ти помогнам? Изговараме ли :Добро де ете јас ништо не знам ти знаеш се! Наместо-Ќе ме научиш ли како треба?

Изговараме ли:Сама си си крива кога треба- Тука сум за тебе!Мислиме ли:Големо чудо што си направил- кога треба да кажеме- Браво!

Ги премолчуваме ли туѓите напредоци и успеси кога треба да кажеме:Само напред! Изговараме ли Те мразам!Кога болката срцето ни го пара од сакање..и секоја клетка извикува-те сакам од дното на душата!

Зошто ли плукаме пламен кога вода треба да потече..лутина да избрише и тага да измие? Зошто ли со от ров стреламе кога мед треба да пуштиме.

Зошто ли оклопи облекуваме и ѕидови ставаме? Храброст глумиме и до став инаетлив се држиме? Зошто ли душа не ослободиме и добрина не пуштиме? ЗОШТО ЛИ НАЈУБАВИТЕ ЗБОРОВИ НАЈТЕШКО ОД УСТА ИЗЛЕГУВААТ?