Името на Славчо Попоски веќе на многумина и е добро познато. Младиот стружанец со своите временски прогнози исплива во јавноста пред неколку години и постојано е присутен помеѓу медиумите.
Попоски во едно свое неодамнешно интервју проговори за своите почетоци и работата која што ја работи.
„Повеќе од десет години го анализирам времето и правам прогнози, но откако се случи не милиот настан во Скопје во 2016 година за мене дозна целата наша држава и стекнав огромна доверба кај народот.
Инаку, метеорологијата ја сакам уште од мали нозе. Со нејзе сум се родил, иако можеби звучи смешно.“
Тој е доста активен и на социјалните мрежи каде што пред неколку дена на својот фејсбук профил напиша:
Потекнувам од скромно семејство кое незнае за големо богатство и премногу пари, не се измејувам на поедини граѓани кои некој од кренатите личности ги имаат на мајтап зошто се сиромаси и слично.
Ама пак затоа Господ златен ми го подари најдоброто во животот мој и единствената моја животна желба, а тоа е да бидам славен и сите да ме почитуваат а тоа се од најпопуларните политичари без разлика која партија се до најсиромашните граѓани во Македонија .
Искрено јас сум најблагодарен до сите нив. И да, да не заборавам, од скромно семејство со мојата упорна работа ја достигнав мојата цел а тоа е Метеорологијата. Заработувам од неа.
Метеорологијата мие на прво место и во иднина се надевам дека ќе ве израдувам со тоа што ќе земам како еден вид диплома со присуство на школо по Метеорологија.
Тоа мие следна цел! Ви благодарам на вниманието мои почитувани граѓани и ви благодарам за огромната подршка!