Славица: Заслужувам и јас дел од наследството, но тато не сака ни да чуе – целата куќа на бате му ја остави

  • By klaster3
  • август 25, 2022
  • 0
  • 338 Views

Поделбата на имотот во 99 отсто од случаите е „јаболко на раз дор“ во семејството. Некој секогаш мисли дека е оставен на цедило и дека му „припаѓа повеќе“, а некој дека ужива во наследството што му е оставено.

Спор овите за оставината честопати се сцена на расправии меѓу браќата и сестрите, особено кога родителите не оставаат тестамент или не ги информираат своите деца во текот на нивниот живот дека би сакале да го поделат имотот.

Обично на наши простори се смета дека доколку во семејството има машко дете, имотот автоматски нему му припаѓа, а ако се браќа се дели имотот доколку немаат можност за одделни.

Проблем настанува кога родителите имаат и машко и женско дете, па на многумина не им е се уште јасно дали ќерката треба или не треба да добие дел од имотот.

Нашата читателка Славица К. во моментов се соочува со тој проблем и реши да сподели каква е нејзината ситуација со надеж дека можеби ќе добие некој совет од оние кои минале низ истото.

„Додека бев млада и немажена никогаш не ми ни паднало на памет дека ќе дојде ден кога ова ќе ми се случи. Моментално се наоѓам на раскрсница и не знам што да направам.

Знаете дека кај нас на Балканот, особено во Македонија, постои став дека кога женското дете ќе се омажи нема право да бара дел од куќата во која живеело предтоа.

Родителите често не ги ни сметаат ќерките во наследство бидејќи се знае дека машката глава останува во куќата и со родителите, а девојките се мажат во друга куќа.

Но, ако успее да се избори за наследството, добива статус на ло ша мајка, ќерка, сестра која зела нешто од својот брат, па често се оговара низ народот „еве, како да нема, и од брат и зеде дел“.

Јас се омажив на 20 години, бев во среќен брак скоро 16 години, но на крај се случи што се случи и се разидовме. Детето остана со мене и живееме под кирија.

Поради проблемите со сопругот немав нер ви многу да се расправам ида барам мој дел таму, поважно ми е на ќерката да и остави на крај. Ама, мислам дека ни моите родители не се во право.

Куќата ни е на два спрата, на горниот живее брат ми со снаата. Не ме ни повикаа да седам привремено кај нив, ниту пак да ми помогнат со нешто, а не да живеам под кирија.

Иако не сум живеела многу долго под нивни покрив мислам дека ме следува барем една соба од старата куќа. Татко ми не сака да попушти, ми вели барај од мажот ти не од мене и не знам веќе што да правам.“

Автор: А. Л. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превезман без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *